Сем Ашгари ја покажа новата девојка: „Бритни се надева дека ќе ѝ обрне внимание, наместо да игра видеоигри цел ден“
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Сем Ашгари првпат сподели фотки со новата 30-годишна девојка, а во коментари добива и честитки, но и критики дека ја искористил Бритни за пари, па ја оставил.
Сем Ашгари поднесе барање за развод од Бритни во август 2023-та, а разводот беше финализиран во мај минатата година.
Додека Бритни е сингл и вели дека прави пауза од мажи, Сем веќе има нова љубов – 30-годишната Брук Ирвин која е фитнес модел.
Иако се заедно неколку месеци, тие првпат споделија заеднички фотки дури за Нова година.
На фотките споделени на Инстаграм, тие позираат на плажа, пред огледало, од ноќно излегување...
Во коментари, пак, некои им честитаат за врската, додека други го критикуваат Сем бидејќи ја искористил Бритни за нејзините пари.
Малку се знае за новата девојка на Сем и дури и нејзиниот Инстаграм профил е затворен.
Тие првпат беа забележани заедно во септември, кратко откако Сем изјави дека не бара љубов и сака да се фокусира на кариерата.
„Кариерата е нешто што бара целосен фокус и сега насочен сум кон глумењето и мојата кариера како продуцент.
Ќе ми треба многу време (за да работам), па затоа сега не можам да размислувам за љубовни врски“, изјави Сем за Us Weekly.
Извор близок до Бритни откри дека пејачката знаела за новата врска на Сем, како и дека му посакува сè најдобро.
Сепак, изјавата на изворот има и доза сарказам.
„Иако е среќна што Сем си најде убава русокоса поблиску до неговата возраст, Бритни се надева дека ќе ја третира со љубов и почит и ќе минува време со неа, наместо по цел ден да игра видеоигри.
Бритни не планира да се навраќа на минатото и им посакува сè најдобро на Сем и Брук“.
Бритни избегнува да зборува за разводот, но го спомна во Инстаграм објава од минатата година:
„Шест години се долг период да бидеш со некого и малку сум шокирана (за разводот)… Но, не планирам да ви објаснувам бидејќи не треба да ве интересира.
Но, искрено, повеќе не можев да ја поднесам болката“.
Периодов пејачката се фокусирала на тоа да го подобри односот со нејзините синови Џејден и Шон.
А, околу католичкиот Божиќ, сподели и фотки со 18-годишнот Џејден и се пофали дека заедно биле во Мексико.
„Го немав видено две и пол, можеби три години. Како близнаци да сме…
Ми се врати и сега е како постар и попаметен од мене. Веќе е маж и секој ден плачам бидејќи е вистинско чудо“, напиша пејачката на Инстаграм.
Моментално нејзините синови живеат на Хаваи со татко им Кевин Федерлајн.
Спирова С. | Црнобело