Ретко појавување на скромниот син на Џони Деп: Работел во ресторан, не сака внимание
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Неодамна се дозна дека синот на Џони Деп работел во либански ресторан во Париз, а околу Нова година беше забележан како пазари во престолнината на Франција. Со износени чевли и едноставна облека, делува како мошне скромна личност.
За разлика од ќерка му Лили Роуз која и самата е актерка, синот на Џони Деп се држи настрана од јавност што е можно повеќе.
22-годишниот Џек Деп личи на помлада верзија на татко му, но не сака да биде дел од шоу-бизнисот, без разлика што и двајцата негови родители се актери.
Џони Деп го доби Џек со француската актерка Ванеса Паради.
Малку се знае за животот на Џек, но кон крајот на минатата година, Daily Mail откри дека тој се одлучил и за мошне „обична“ работа.
Имено, Џек работел во либански ресторан во Париз, кој често го посетувале познати личности, како Мет Дејмон.
Според сопственикот на ресторанот, Џек работел таму две години, но моментално прави пауза.
Сепак, тој очекува да се врати на позицијата.
„Џек е одличен дечко. Не сака да привлекува внимание и тука работеше на шанк и во кујната.
Добар работник е, си замина пред неколку месеци, но очекувам да се врати. Тешко е да се најде добар персонал.
Локалот е популарен кај познати личности, а мајка му и сестра му на Џек се редовни гости“, открива сопственикот за Daily Mail.
Околу Нова година, пак, Џек двапати беше забележан како пазари низ Париз.
Во едноставна облека и износени чевли, делува како мошне скромна личност.
Инаку, мајка му Ванеса во неколку пригоди има изјавено дека не сака да ги форсира нејзините деца да станат дел од забавната индустрија.
„Ги држам настрана од камери бидејќи не сакам нашите деца да станат славни против нивна волја. Не го побарале тоа.
На денот кога ќе посакаат да бидат ѕвезди, тогаш нема да ги сопрам“.
Џoни Деп, пак, има изјавено дека син му го наследил талентот за глума, но никогаш не изразил желба да стане актер како него.
Во меѓувреме, сестра му Лили Роуз Деп е мошне активна и неодамна излезе нејзиниот нов филм – Nosferatu – кој доби позитивни критики и од јавноста, и од критичарите.
Спирова С. | Црнобело