Која е ќерката на Дензел Вашингтон, што привлече внимание со високата сопруга?
- Детали
- петок, 27 декември 2024
Постарата ќерка на Дензел Вашингтон, 37-годишната Катја, е во брак со поранешна балерина. На нивно ретко појавување во јавност, изненадија со разликата во висина бидејќи сопругата на Катја е висока дури 193 сантиметри.
Минатата недела, фотка од постарата ќерка на Дензел Вашингтон и нејзината сопруга стана вирална.
Фотографијата е од настан во Лос Анџелес кој се одржа кон средината на декември, а каде меѓу присутните беа ќерката на актерот и нејзината сопруга.
Она што привлече најмногу внимание, е нивната разлика во висина.
Ќерката на Дензел – Катја Вашингтон – носеше костим со бела кошула и вратоврска. Нејзината сопруга, Колин Вилсон, беше облечена во елегантен црн фустан.
Катја се држи настрана од јавноста, иако работи како филмски продуцент, па не е изненадување што фотката стана вирална.
Оттогаш, пак, почна да се коментира за висината на двете жени. Некои се прашуваа дали Катја е многу ниска или, пак, Колин е многу висока.
Според Daily Mail, Колин е поранешна балерина и е висока 193 сантиметри.
Бидејќи на настанот носи штикли, разликата е уште поочигледна.
Во коментари на социјалните мрежи, некои велат дека е одлично што и покрај висината, Колин облекла штикли, додека други на шега коментираат дека би требало да носи само рамни чевли.
Што знаеме за најстарата ќерка на познатиот актер?
Катја е родена во ноември 1986 година и е второ дете на Дензел Вашингтон и неговата сопруга Полета.
Таа има постар брат, кој е актер и поранешен рагбист. Има и помали брат и сестра кои исто така работат во филмската индустрија.
Студирала историја на Јејл, еден од најпрестижните универзитети во светот.
Денес работи како филмски продуцент и има соработувано со некои од најголемите имиња во индустријата, како Квентин Тарантино.
Татко ѝ Дензел откри дека таа била дел од екипата која работела на Django Unchained.
За разлика од нејзините браќа и сестра, Катја ја крие својата приватност.
Ретко се појавува во јавност и не споделува никакви детали за својот живот.
Единствено е познато дека е во брак со Колин Вилсон, која е поранешна балерина, но нема детали за тоа кога стапиле во брак, кога ја почнале врската и слично.
Спирова С. | Црнобело