Џоли му купила водопад на Бред Пит: Најскапите и најлудите божиќни подароци на славните
Џастин Бибер самиот си подари приватен авион
Во 2014 година, Џастин самиот се „изненади“ за Божиќ со многу скап подарок – приватен авион.
Дрејк си подари шипка за стриптиз
Во 2012 година, Дрејк се почестил за Божиќ со шипка за стриптиз, што ја инсталирал во неговата спална.
„Божиќен подарок за мене“, напиша под фотката од шипката.
Ким Кардашијан им купи брендирани чанти на сите од семејството
ВО 2019 година, Ким откри дека за сите жени и девојки во семејството, вклучувајќи ја и ќерка ѝ Норт, купила Louis Vuitton чанти.
Се пофали дека отишла во Јапонија за да ги купи, а една чанта чини над 1.100 долари.
Кевин Харт стави вештачки снег во неговиот двор
Во 2017 година, Квин Харт не можел да ги однесе децата на скијање.
Па, за Божиќ ставил вештачки снег во огромниот двор во Малибу.
Кејти Холмс ѝ купи скапа играчка на ќерка ѝ Сури
Кога Сури имаше само шест години, Кејти Холмс потрошила дури 24.000 долари за мини куќа за деца во која имало вода и електрична инсталација.
Наводно, истата година, Кејт ѝ купила и таблет, како и минијатурна, детска верзија на автомобилот Mercedes-Benz.
Спирова С. | Црнобело