Викторија Бекам и уште 6 славни личности кои лажеа дека пораснале во сиромашно семејство од работничка класа

Дејвид Бекам ја приземји сопругата Викторија во нивниот документарец – додека таа зборуваше како е од семејство од работничка класа, фудбалерот ја натера да признае дека татко ѝ ја носел на училиште со Rolls Royce.

viktorija-bekam-blejk-lajvli-slavni-lichnost-koi-lazhea-deka-porasnale-vo-siromashno-semejstvo-od-rabotnichka-klasa-01.jpg

Веројатно со цел да им се доближат на фановите или да бидат порелевантни, некои славни личности одлучуваат да лажат за своето минато.

Односно, тврдат дека пораснале во сиромаштија и дека сами се избориле за успех.

Кога фановите ќе ја откријат вистината, секако дека ги критикуваат бидејќи сметаат дека со ваквите приказни ја потценуваат маката на оние кои навистина пораснале во сиромаштија.

Кои славни лажеа за нивното „скромно“ минато?

Викторија Бекам

Лагите на Викторија Бекам беа разоткриени во документарецот што го снимија со сопругот Дејвид. А, најсмешно е што самиот Дејвид ја прекори бидејќи лажела за своето минато.

Во документарецот, Викторија зборува за детството и вели дека родителите биле од работничката класа.

Додека го кажува ова, Дејвид само ѕирка од вратата на собата и ѝ вели да биде искрена.

„Со каков автомобил те носеше татко ти на училиште?“

viktorija-bekam-blejk-lajvli-slavni-lichnost-koi-lazhea-deka-porasnale-vo-siromashno-semejstvo-od-rabotnichka-klasa-02.JPG

Викторија пробува да го избегне прашањето, но на крај признава:

„Татко ми имаше Rolls Royce“.

Иако родителите на Викторија имале скромни почетоци, успеале да стекнат огромно богатство откако отвориле своја компанија за електроника.

Поради ова, дизајнерката имала детство исполнето со раскош и дефинитивно била далеку од сиромаштија или работничка класа.

Блејк Лајвли

Периодов Блејк Лајвли е на мета поради изјавата на сопругот Рајан Рејнолдс дека пораснала во семејство од работничката класа.

Но, родителите на Блејк работеле во забавната индустрија во Холивуд – татко ѝ бил режисер и актер, додека мајка ѝ била менаџер за таленти, а повремено и глумела.

Па, Блејк не само што имала мошне удобно детство, туку имала и привилегии во Холивуд бидејќи родителите ѝ помогнале да се пробие во филмските води.

viktorija-bekam-blejk-lajvli-slavni-lichnost-koi-lazhea-deka-porasnale-vo-siromashno-semejstvo-od-rabotnichka-klasa-03.JPG

Ед Ширан

Ед Ширан многупати има зборувано за деновите кога бил бездомник.

На 16-годишна возраст се преселил во Лондон за да оди на музички колеџ, но кога завршил со образованието останал без пари, па тврди дека спиел во метрото или преспивал кај пријатели.

„Немав каде да живеам од 2008 до 2010 година, но некако се снаоѓав“.

Но, Ед сепак не потекнува од сиромашно семејство. Можеби неговите родители можеби не биле којзнае колку богати, но тој бил далеку од бездомник како што раскажува.

Во 2014-та и самиот призна дека донекаде лажел.

„Не бев бездомник во права смисла на зборот. Но, ако имав настап навечер и немаше каде да спијам, некогаш преспивав во метрото“.

Татко му на Ед бил кустос во музеј, а мајка му дизајнирала накит и се занимавала со музика, па тој секогаш ја имал нивната финансиска поддршка пред да се прослави.

viktorija-bekam-blejk-lajvli-slavni-lichnost-koi-lazhea-deka-porasnale-vo-siromashno-semejstvo-od-rabotnichka-klasa-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg