Викторија Бекам и уште 6 славни личности кои лажеа дека пораснале во сиромашно семејство од работничка класа
Лана Дел Реј
Лана се соочуваше со многу критики бидејќи тврдеше дека сама успеала во животот, без да спомне дека татко ѝ е милионер.
Тој е успешен бизнисмен и заработувал толку многу, што Лана имала можност да оди во приватно училиште каде што една година чини 65.000 долари.
Но, пејачката стои на ставот дека била сиромашна и дека првпат видела пари откако се проби во музичката индустрија.
Боб Дилан
Низ годините, Боб Дилан кажал безброј лаги за неговото детство, а еднаш тврдеше дека не си ги познавал родителите, па и дека пораснал во Њу Мексико.
Лажеше дека бил сирак, дека бегал од сиропиталишта, а кога го носеле во згрижувачко семејство, никогаш не останувал многу долго.
Вистината е дека Боб е роден во Минесота, од родители евреи кои побегнале од Украина во САД.
Детството го поминал во еврејска заедница и иако можеби не биле милионери, пејачот имал релативно удобно детство и не му недостасувало ништо.
Ванила Ајс
Слично како Боб Дилан, и Ванила Ајс кажуваше многу лаги за неговото детство.
Иако потекнува од Далас, лажеше дека пораснал во Мајами каде што имал многу тешко детство.
Кога почнаа да го критикуваат, призна дека лажел за своето минато, изјавувајќи дека сигурно на никој не им е гајле од каде потекнувал.
Кога, пак, го прашаа како возел скап автомобил во младоста ако бил сиромашен, тој тврдеше дека го имал автомобилот, но немал пари за гориво.
Подоцна изјави дека само сакал да си ја заштити приватноста и затоа лажел за сè.
Биги Смолс (The Notorious B.I.G.)
Познатиот рапер има пишувано и песни за неговото тешко детство во кои вели дека биле толку сиромаши, што за вечера можеле да си дозволат само конзервирана храна и никогаш не славеле Божиќ.
Но, мајка му беше онаа што ја разоткри вистината.
Таа изјави дека отсекогаш ѝ припаѓале на средната класа, немала долгови и дека на Биги не му недостасувало ништо додека растел, особено не подароци и храна за Божиќ.
Спирова С. | Црнобело