Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Џо Пеши
Џо Пеши има завидна филмска кариера и се појавил во бројни филмови кои денес го уживаат статусот култни.
Иако во 1999-та најави дека се пензионира за да се посвети на музичката кариера, оттогаш сепак имаше по некоја улога, како во The Irishman.
Актерот зад себе има три пропаднати бракови, од кои третиот е можеби најконтроверзен.
Актерот и третата сопруга Клаудија Харо беа во брак од 1988 до 1999 година.
Една година по разводот, таа беше уапсена за обид за убиство. Односно, беше обвинета дека најмила платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг.
Во меѓувреме, и Џо Пеши беше обвинет дека ѝ помогнал, односно дека ѝ ги дал парите.
Клаудија помина седум години зад решетки, додека вината на Пеши не беше докажана.
Во 2006-та, пак, актерот повторно се судри со законот, откако се степал со маж кој сакал да го фотографира.
Џон Херд
Актерот кој го глуми таткото на Кевин исто така имаше судир со законот.
Во 1991 година, беше обвинет дека физички ја нападнал неговата тогашна девојка Мелиса Лео.
Тие имаа и дете, а откако раскинаа, актерот беше обвинет дека влегол во домот на Мелиса и го нападнал нејзиниот тогаш партнер.
Исто така, актерот беше обвинет дека ги следел Мелиса и син му.
Актерот имаше и други бурни врски – трипати беше во брак, а со првата сопруга се разведоа по само шест дена.
Тој има три деца, а наводно немал никаков однос со нив.
Актерот почина во 2017 година од инфаркт.
Џон Кенди
Актерот кој го глуми веселиот музичар во првиот дел од „Сам дома“ имал тежок живот и почина на само 43-годишна возраст.
Со години, тој имал проблеми со зависност од храна, алкохол и кокаин.
Притоа, страдал и од анксиозно нарушување.
Низ годините многупати пробувал да си го подобри животот, но безуспешно и на крај почина од инфаркт предизвикан од лошите навики.
Спирова С. | Црнобело