Линдзи Лохан, Кристина Агилера: Со кои процедури славните дами изгледаат како 20-годишни девојки?

Според пластичен хирург, младешкиот изглед на Линдзи Лохан делува природно благодарение на три корекции на лицето кои го означуваат почетокот на ерата на „незабележливи пластични операции и корекции“.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-kako-20-godishni-devojki-001.jpg

Сигурно и самите сте забележале дека покрај драстичното слабеење (најчесто со Оземпик), бројни славни дами изгледаат и многу помладо.

За некои, фановите коментираат дека изгледаат подобро и отколку во младоста и е јасно дека направиле некаква корекција.

Но, додека обично овие корекции сепак се забележуваат и не секогаш изгледаат природно, лицата на ѕвездите како Линдзи Лохан и Кристина Агилера воопшто не делуваат како да се коригирани.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-08.JPGКристина Агилера пред неколку години и сега

Неодамна, Донатела Версаче изненади со свежиот изглед, а и Кристина Агилера (43) изгледa како да има едвај 30 години.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-07.JPGДонатела Версаче пред неколку години и сега

И за Линдзи Лохан никој не би претпоставил дека ѝ се доближува 40-тиот роденден.

Откако излезе нејзиниот нов празничен филм – Our Little Secret – многу фанови коментираа дека не изгледала толку младо со години, но никој не може да погоди какви точно корекции има направено.

Дури и професионалци со лиценца за аплицирање ботокс и филери велат дека не можат да препознаат што точно има направено Линдзи.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-12.JPG

На социјалните мрежи се огласија и неколку пластични хирурзи, кои велат дека влегуваме во ерата на „незабележливи пластични операции“.

Односно, процедурите што ги прават ѕвездите како Линдзи се минимални, не се забележуваат, но прават огромна разлика во изгледот.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-11.JPGЛошо изведените корекции на Линдзи пред некоја година vs. како изгледа денес

Според пластичниот хирург Денис Шимф, главно станува збор за три корекции со кои се постигнува овој ефект.

„Она што е популарно сега, особено со славните од Холивуд, е додавање волумен на лицето.

Главно, овие славни личности го имаат зголемено волуменот на нивните образи, вилицата и усните.

Имаат поголем волумен на образите – нешто што го немаа пред неколку години, а исто така подобрена е и дефиницијата на нивната вилица“, вели хирургот за Daily Mail.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-09_copy.JPG

Тој додава и дека процедурите за да се постигне овој ефект може да варираат – некогаш со операција, некогаш со корекција со филери или слично.

„Има разни начини да се зголеми волуменот на овие места, како скулптурирање со масно ткиво или инјектирање неколку филери“.

Скулптурирање со масно ткиво претставува отстранување на мастите од еден дел од телото, кои потоа се инјектираат во лицето.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-10.JPGНекогаш и денес: Кејт Бекинсејл на 51 година изгледа како да е 2 децении помлада

Хирургот објаснува и зошто овие три корекции даваат ваков, реалистичен ефект.

„Со природниот процес на стареење, сите губат волумен во лицето.

Има и ресорпција на коскената структура, односно вилицата, образите, брадата и сите коскени структури се намалуваат.

Покрај тоа, ни се губи и мекото ткиво. Ова е резултат на промените на неколку елементи во мекото ткиво како колаген, хијалуронска киселина и слично.

И, на крај, се губи и еластинот во кожата. Сите овие фактори на природното стареење водат до намалување на волуменот на лицето и постар изглед“.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-05.JPGНа 43 години, Кристина изгледа и подобро отколку во тинејџерските денови

Сепак, хирургот истакнува дека не е воопшто лесно трите корекции да се изведат симетрично и потребен е навистина искусен професионалец.

Во спротивно, лицето може да изгледа чудно.

Тој вели и дека не треба сите да брзаат да ги направат овие процедури, без добро да истражат.

„Очигледно, има ограничувања и кај овие корекции целта треба да биде да се стабилизира процесот на стареење и да се намали постојаното губење волумен.

Лицето не треба да биде со многу волумен бидејќи ќе делува неприродно и чудно“.

lindzi-lohan-kristina-agilera-so-koi-proceduri-slavnite-dami-izgledaat-20-godishni-devojki-02.JPG

А, овие процедури не се воопшто евтини.

Откако доби комплименти за изгледот, докторката на Линдзи Лохан сподели фотка со неа, а според проценките на јавноста, актерката има потрошено околу 300.000 долари за процедурите.

Во коментари на објавата, пак, повеќето корисници ја прашуваат докторката за процедурите со кои ја подмладила Линдзи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Крист... По детството со насилен татко, Кристина Ричи изјави дека ја повторила грешката к...
Некогаш и сега: Како изгледаат денес нашите омилени тинејџерски ѕвезди? Џаред Лето, Менди Мур, Зек Ефрон... Знаете ли како изгледаат денес ѕвездите во к...
Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, ос...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg