Кристина Агилера непрепознатлива откако ослабе 22kg: „Изгледа нездраво, мускулите ѝ се атрофирани“
- Детали
- вторник, 01 октомври 2024
Поради драстичната трансформација, Кристина Агилера ги разгоре гласините дека и таа користела Оземпик за слабеење. Пред да ослабе 22kg, пејачката сама изјави дека не ѝ се допаѓа кога е екстремно слаба и дека си ги сака облините.
Лекот Оземпик кој е наменет за дијабетичари извесен период е хит кај славните личности кои го користат за слабеење.
Дел признаваат, дел негираат, но факт е дека периодов бројни светски познати личности драстично ослабеа, веројатно користејќи го лекот кој лекарите никако не го препорачуваат за оваа намена.
Една од нив е и Кристина Агилера која на настан од минатата недела изгледа непрепознатливо.
Во младоста, 43-годишната пејачка беше слаба, но изминативе неколку години качи некој килограм.
Сега, пак, на новите фотки, фановите коментираат дека е послаба од кога било и дека изгледа дури нездраво.
Во петокот (27.09), пејачката присуствуваше на настан во Холивуд, каде меѓу другото се одбележа и 25-тата годишнина од нејзиниот деби албум.
За пригодата, Кристина носеше тесен црн комбинезон кој ѝ го истакнува слабото тело.
Таа самата сподели видео на Инстаграм, а на Твитер се објавуваат и други фотки и видеа од неа.
Бидејќи настанот беше и вид промоција за познат фитнес центар, фановите почнаа да прашуваат дали пејачката навистина вежбала или сепак користела Оземпик за да ослабе.
„Зарем навистина вежба?“
„Промовира фитнес центар, а ослабе на сосема поинаков начин. Смешно е“.
„Нездравото слабеење не е од вежбање и навистина не изгледа добро“.
„Ѝ се познаваат атрофираните мускули. Дефинитивно е Оземпик“.
На Твитер, пак, луѓето коментираат дека пејачката изгледа како да е болна бидејќи е послаба и од почетокот на кариерата.
Сепак, други ја поддржуваат нејзината трансформација.
„Лошо е што зборувате за Кристина и нејзиното тело. Таа отсекогаш била слаба. Беше слаба и како тинејџерка.
Нејзиното тело се менуваше, што е нормално со годините. Без разлика дали користела Оземпик или не, изгледа одлично“, гласи коментар на Твитер.
Околу еден месец претходно, Кристина зборуваше за навредите што ги трпела поради изгледот на нејзиното тело.
Во интервју за магазинот Glamour, пејачката откри дека во нејзините 20-ти, кога качила некој килограм, менаџерите ја притискале да ослабе.
„Кога си тинејџер, имаш многу поразлично тело отколку во 20-тите години.
Качив некој килограм и за нив (менаџерите) тоа беше неприфатливо. Ми велеа дека на сите повеќе им се допаѓало кога сум била слабичка тинејџерка“.
Периодов пејачката има ослабено околу 20 килограми, но пред драстичната трансформацијата, самата изјави дека мрази да биде и екстремно слаба и всушност си ги сака облините.
Засега пејачката нема спомнато ништо за гласините за Оземпик, но тврди дека ослабела со броење калории и строга диета која се фокусира на внесување овошје и зеленчук со силни бои, како брокула, домати, пиперки…
Спирова С. | Црнобело