Како Тејлор Свифт избегнува повреди за време на „нуркањето“ со скок под бина, на спектакуларните концерти? (видео)

Публиката е воодушевена од перформансот кога Тејлор скока во дупка под бината и се прикажува визуелен ефект како да плива под вода до другата страна на сцената - како го изведува овој потег и како останува безбедна, без повреди при скокот, погледнете во видео кое го открива секој детаљ. 

kako-tejlor-svift-izbegnuva-povredi-za-vreme-na-nurkanjeto-so-skok-pod-bina-na-spektakularnite-koncerti-video-01.jpg

Тејлор Свифт е една од најголемите поп ѕвезди, а посебно е обожавана помеѓу помладата публика, иако има фанови од најразлични возрасти.

На светската турнеја „Eras Tour“ таа досега приреди спектакуларни концерти со неверојатни сценски настапи, кореографија и специјални ефекти.

Но, еден момент е посебно впечатлив и ги остава сите присутни со подзинати усти, а тоа е кога одеднаш таа „нурнува“ со скок под бината, а целата сцена се претвора во вода низ која се гледа силуета која плива под водата.

Па логично, многумина си го поставуваат прашањето - како го изведува таа овој перформанс и притоа останува безбедна и без повреди при скокот во дупката?

На социјалните мрежи е објавена видео снимено одозгора, на која детално се гледа како изгледа нејзиниот скок, но и добрата организација на тимот.

Всушност, додека персоналот го подготвува „теренот“, одоздола свети црвено светло кое само Тејлор го гледа, а кога ќе светне зелено, значи дека сцената е подготвена и таа скока во дупката.

kako-tejlor-svift-izbegnuva-povredi-za-vreme-na-nurkanjeto-so-skok-pod-bina-na-spektakularnite-koncerti-video-02.jpg

Кога ќе скокне, „слетува“ на мека перница со пена, која овозможува безбеден пад, без ризик за повреди.

Потоа таа со помош на посебен лифт-систем за движење, брзо преминува до другата страна на сцената, додека пак, на бината визуелно се прикажуваат претходно снимени специјални ефекти, кои создаваат илузија дека таа плива под вода.

Во меѓувреме, пејачката е во бекстејџ, се пресоблекува и се подготвува за повторно појавување на спротивната страна на сцената, проследено со масивен специјален ефект на бран.

Погледнете го видеото кое открива како изгледа овој перформанс одблизу: 

@qitu174

HOW DOES TAYOR SWIFTA VOIDINJURIES DURING HERSIAGE#fyp #usa #celebrity #foryou #talyorswift

♬ Camouflage Day Meditation - Erica Mason

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Ѕвезди кои ги однесоа децата на концерт на Тејлор Свифт (и лудо се забавуваа) Нашата Ангела Ѓоргиева која е голем фан на Тејлор, бремена и со фестивалски аутф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg