Ѕвезди кои ги однесоа децата на концерт на Тејлор Свифт (и лудо се забавуваа)
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Нашата Ангела Ѓоргиева која е голем фан на Тејлор, бремена и со фестивалски аутфит беше на концертот во Швајцарија со помалата сестра, но многу светски ѕвезди како Мила Кунис, Блејк Лајвли и други, си ги однесоа децата и лудо се забавуваа на концерт на Тејлор Свифт.
Тејлор Свифт е најголемата поп ѕвезда на денешницата, а посебно младата популација ја обожава пејачката, која веќе подолг период е на светска турнеја насловена „Eras Tour“.
На концертите низ различни градови во светот, се најдоа и многу познати личности, кои освен што ја почитуваат пејачката, најмногу се дојдени таму заради нивните малолетни деца, кои ги придружуваат за да им ја исполнат најголемата желба.
Најголемите фанови, покрај забавните аутфити, стајлингот го дополнуваат со колоритни „бразлетни на пријателството“, кои најчесто се рачно направени и содржат разни зборови поврзани со нејзините песни, па многу од нив можеме да ги видиме токму со овој накит.
Од кај нас, на концерт на Тејлор присуствуваше модната инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева, која е нејзин фан и замина на шоуто во Швајцарија бремена, со кул аутфит и секако, со бразлетни, а ја придружуваше нејзината сестра.
„Eras Tour со мојата мала сестра. 3.5 часа пеење и танцување“ - напиша таа на Инстаграм.
Во продолжение погледнете кои славни личности ги однесоа децата на концерт на Тејлор:
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Најзабавниот пар во Холивуд беше на концерт на Тејлор Свифт во Мадрид, заедно со нивните ќерки Бети, Инез и Џејмс и танцуваа заедно.
The point to Inez 😭 pic.twitter.com/7U0NHRTA5U
— holls ⸆⸉ (@holltoleratesit) May 31, 2024
Мила Кунис и Ештон Кучер
Во јуни, семејството заедно со своите деца, се забавуваа на концертот во Лондон, а родителите изгледаат како да се навистина фанови.
@nas.archives mila kunis “proposes” to ashton kutchner during love story ✨ #taylorswift #lovestory #fearlesstaylorsversion #milakunis #ashtonkutcher #tstheerastour #fyp #proposal
♬ original sound - NAS
Ченинг Тејтум
Актерот беше на концертот на пејачката во Лос Анџелес, заедно со 11-годишната ќерка Еверли и нивна пријателка.
Тој носеше маица на која пишува: „Здраво, јас сум таткото“, а на лицето има налепници во форма на срце.
На Инстаграм се објавени и видеа на кои тој танцува со кореографии и е вистински татко за медал.
За видеото кликнете на стрелките на Инстаграм објавата подолу.
Марк Закерберг
Марк и неговата сопруга Присила ги однесоа ќерките на незаборавна авантура на концертот на Тејлор Свифт во Калифорнија.
„Животот на татко на ќерки“ – напиша Марк во објавата на Инстаграм.
Џесика Алба и Кеш Ворен
Џесика и Кеш ги однесоа сите три деца на концертот во Лос Анџелес кој се одржа во август.
Актерката објави неколку фотки од настанот и напиша: „Тејлор Свифт со семејството – какво шоу!“.
Џенифер Гарнер
Со кул аутфит и куп „бразлетни на пријателството“, Џенифер Гарнер објави дека била на концерт на Тејлор заедно со нејзината ќерка.
M. M. | Црнобело