Донатела Версаче ја поправи штетата од пластичните операции + колку се промени низ годините? (фото)
- Детали
- среда, 04 декември 2024
На последното појавување во јавност, Донатела Версаче изгледа поприродно од кога било – ја коригирала штетата од многуте пластични операции, а и не пробува да ги скрие брчките како претходно.
Покрај огромниот успех во модната индустрија, Донатела Версаче е позната и по бројните пластични операции кои ѝ го уништија лицето.
Но, се чини дека 69-годишната модна дизајнерка ја поправила штетата од бројните корекции.
Викендов, Донатела присуствуваше на гала свеченост по повод премиерата на мјузиклот The Devil Wears Prada, инспириран од истоимените книга и филм.
Меѓу присутните на настанот беа некои од највлијателните луѓе од светот на шоу-бизнисот, како Елтон Џон и Ана Винтур.
Но, дефинитивно најмногу внимание привлече дизајнерката која изненади со изгледот.
Донатела носеше тесно црно боди и проѕирен фустан украсен со многу златни детали.
А, нејзиното лице изгледаше поприродно од кога било досега.
Односно, дизајнерката изгледаше беспрекорно, особено кога ќе се земе предвид дека наскоро ќе го прослави 70-тиот роденден.
Таа сподели и неколку фотки од настанот и од следбениците доби бројни комплименти, а некои велат дека ова е најдобрата трансформација на дизајнерката досега.
Во продолжение, како се менуваше изгледот на Донатела низ годините, поради пластичните операции:
Од 1993 до 1997
Во 30-тите години од животот, дизајнерката уште немаше правено корекции.
Во 1990-тите таа соработуваше со брат ѝ Џани и на фотките од овој период се забележува нејзината природна убавина.
По смртта на брат ѝ во 1997 година, Донатела ја одржа својата прва модна ревија и почна да го гради своето име во модната индустрија.
Од 1998 до 2002 година
Овој период Донатела минуваше низ развод и веројатно тогаш почнала да користи ботокс и слични процедури, бидејќи се забележуваат мали промени во нејзиниот изглед.
Претходно, таа гордо кажуваше дека редовно вежба, но по разводот изјави дека престанала бидејќи тренерот не ѝ дозволувал да пуши цигари.
Поради ова, подоцна ќе почне и со корекции на телото, не само лицето.
Од 2003 до 2008 година
Овој период промените во изгледот на Донатела стануваа поочигледни, а во 2005-та таа откри дека била зависна од кокаин цели 18 години.
Извесен период беше во центар за рехабилитација, а кога повторно се појави во јавност, беше очигледно дека направила операција на лицето.
На Канскиот филмски фестивал во 2008 година, Донатела изгледаше како друга личност.
Од 2009 до 2014 година
Овој период, и пластични хирурзи почнаа да го коментираат изгледот на дизајнерката.
„На усните и образите постојано става филер. Мислам дека ставила филер и на долниот дел од лицето, како и дека направила лифтинг на вратот.
Усните и образите се области што ги средувала најмногу, а веѓите ѝ се значително поспуштени“, гласи изјава од пластичен хирург за американските медиуми.
На секое појавување, лицето на дизајнерката изгледаше и сè помазно, што значи редовно користела ботокс за брчките.
Од 2015 до 2024 година
Изминатава деценија веќе беше јасно дека Донатела претерала со операции и за нејзината трансформација знаеја и оние кои воопшто не следат новости од светот на модата.
Лицето на Донатела беше деформирано и повеќе не личеше на себе.
Сепак, последните 2-3 години Донатела ги посветила на поправање на штетата од бројните процедури.
Иако е очигледно дека користи филери на усните и се познава дека има правено корекции, сепак донекаде успеала да си го врати природниот изглед.
Веѓите не ѝ се спуштени како претходно, јаболкниците ѝ изгледаат поприродно и не пробува да ги скрие брчките како претходно.
Спирова С. | Црнобело