Ријана како кадифено мече, Ели Голдинг завиткана во јорган – Бизарни аутфити на British Fashion Awards 2024 (фото)

Додека аутфитот на Ријана го подели мислењето на јавноста, Џулија Фокс беше критикувана за разголениот фустан во кој не може ни да оди. Што носеа присутните на Британските модни награди 2024?

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-01.jpg

Синоќа (02.12) во Лондон се одржа годинешното издание на Британските модни награди односно British Fashion Awards.

Меѓу присутните имаше и неколку светски познати ѕвезди, како Ријана и Рита Ора.

Бидејќи станува збор за моден настан, нормално, присутните пробуваат да се прикажат во своето најдобро издание.

Но, додека некои изгледаат беспрекорно, повеќето сепак се само кич.

Аутфитот на Ријана, која е позната по впечатливиот стил, ги подели мислењата на јавноста.

36-годишната пејачка носеше црн корсет, во комбинација со сина крзнена наметка и огромен крзнен шешир.

Аутфитот го дополни со црни хулахопки, црни штикли и црни кожени ракавици.

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-3.JPG

Со неа беше саканиот Ејсап Роки, кој носеше темносин костум со широко палто и црвена вратоврска.

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-02.JPG

Ели Голдинг, пак, речиси и да не доби комплименти за изгледот.

Пејачката се појави во долг фустан како огромна јакна, кои некои го споредуваат и со јорган.

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-04.JPG

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-05.JPG

Рита Ора се појави со огромен машки костум и впечатлив накит, но и нејзиниот аутфит беше проследен со критики и опишуван како „кич“.

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-7.JPG

rijana-kako-kadifeno-meche-eli-golding-zavitkana-vo-jorgan-bizarni-autfiti-na-british-fashion-awards-2024-foto-06.JPG

Со критики се соочи и Џулија Фокс, која носеше многу тесен фустан во кој не можеше ни да оди.

Фустанот беше проѕирен, па на социјалните мрежи беше критикувана за покажување премногу кожа.

Меѓу присутните беа и помалку познати модели, актери и музичари, а повеќето исто така беа критикувани за модниот избор. Но, секако, имаше и ѕвезди во елегантно издание кои изгледаа одлично.

Повеќе фотки од модата на настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се каел што ѝ раскинал, почина на нејзиниот роденден: Тажната (и кратка) љубовна приказна на Метју П... На почетокот се допишувале исклучиво преку факс, се гледале краток период, но Ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg