Бритни Спирс се одрече од опојни супстанци и мажи: Како помалиот син ѝ ја врати смислата за живот?
- Детали
- сабота, 30 ноември 2024
По разводот со Сем Ашгари, започна врска со осудуван криминалец, па беше фотографирана како си заминува од познат хотел на развратот по паничен напад. Но, неколку месеци подоцна, Бритни одлучи да им стави крај на врските со токсичните мажи и да се посвети на синовите. Се менува ли нејзината приказна на подобро?
Откако се ослободи од легалното старателство, Бритни Спирс не престануваше да објавува разголени фотографии и видеа во изданија што се граничеа со моралот, и, според некои, здравиот разум.
Во мај месец годинава, таа ја загрижи јавноста кога беше фотографирана како си заминува прекриена само со ќебе и придружувана од обезбедувањето од хотелот Chateau Marmont во Холивуд, кој е познат по лудите и развратни забави и каде се случиле голем број инциденти со славните.
Според тогашните пишувања во медиумите, Бритни најверојатно имала паничен напад, заради што била повикана брза помош.
Пејачката неколку дена подоцна ги негираше пишувањата, и нагласи дека брзата помош дошла затоа што ја превртела ногата.
По објавените фотографии од хотелот, многумина коментираа дека Бритни повторно е на работ и дека ѝ нема помош. Други, пак, одеа дотаму што тврдеа дека легалното старателство било воведено со причина.
Инцидентот се случи набрзо откако пејачката се разведе од нејзиниот трет сопруг Сем Ашгари и започна врска со нејзиниот поранешен куќен помошник Пол Ричард Солиз (37).
Кога се случи инцидентот во хотелот, Бритни беше заедно со нејзиното момче, а врската со него многумина ја сметаа за контроверзна.
Имено, Пол е обвинуван криминалец, кој повеќепати бил соочен со обвиненија.
Против него биле поднесени повеќе обвиненија за нарушување јавен ред и мир, за загрозување на животот на малолетно лице, возење без возачка дозвола, а во 2020-та година тој бил обвинет и за незаконско поседување оружје и муниција.
Според сознанијата, тој почнал да работи како помошник во куќата на Бритни во 2022-ра година, во периодот додека таа сѐ уште беше во брак со Сем, но по разводот тие двајца започнале романтична врска.
Но, два месеци по инцидентот во хотелот, во јуни, Бритни објави дека одлучила да стави крај на врската со Пол. Според извори блиски до пејачката, таа конечно увидела дека тој ја користи за да си обезбеди луксузен начин на живот и затоа одлучила да се оддалечи од него.
Дури и Бритни сама објави фотографија со која покажа како Пол сам ѝ правел местенки и викал папараци за да ја фотографираат.
„Зошто би возел со 140km/час додека ме следеше папараци, за да застане и да го отвори прозорецот во моментот кога фотографот застана до мене??? Потоа ѝ се јави на мајка му и се жалеше дека бил вознемируван...
Зошто го отвори прозорецот додека јас плачев во автомобилот???“ – напиша Бритни на која се гледа како се наоѓа во автомобилот со поранешниот дечко, кој целосно си го крие лицето од папараците.
Но, по раскинувањето со Пол, Бритни очигледно одлучи да сврти нова страница.
Во тој период кај неа се пресели нејзиниот постар брат Брајан Спирс, кој наводно решил конечно да ѝ помогне и да ја тргне од амбисот во којшто полека тонеше.
На почетокот на ноември годинава, дел од светските таблоиди пишуваа дека помалиот син на Бритни, Џејден, одлучил сам да го напушти татко му Кевин Федерлајн во Хаваи и да се врати во Калифорнија, каде ќе студира и ќе се потруди да го обнови односот со мајка му.
Се верува дека постариот син Престон, останал на Хаваи, но штом Џејден наполнил 18 години тој одлучил да ѝ даде шанса и да го поправи односот со Бритни.
За потсетување, синовите на Бритни израснаа со татко им Кевин и со неговата втора сопруга Викторија.
„Бритни е пресреќна што ѝ се врати бебето. Сѐ почна да се движи во вистинска насока“ – тврдеа извори блиски до јавноста.
Во последниот период, Бритни објавува сѐ помалку разголени видеа и фотографии, а според извори блиски до неа, таа конечно престанала да консумира опојни супстанци, се сконцентрирала целосно на тоа да си ги среди финансиите и животот.
Таа деновиве е сконцентрирана на постојани терапии и да си го поправи односот со семејството и синовите.
„Бритни е трезна и веќе не зема опојни супстанци.
Понекогаш знае да се напие чаша вино, но нема проблеми со употреба на опојни супстанци и вработи луѓе што се грижат за тоа таа да не ја премине границата“ – велат добро упатените извори.
Многу е веројатно овие промени да се предизвикани од тоа што нејзините синови веќе се полнолетни и сами имаат право да изберат дали сакаат да ја гледаат или не.
Иако нема најави за нови песни и албуми, веројатно е дека пејачката ќе се сконцентрира на модни линии кои ќе ѝ помогнат да си го врати богатството што го загубила низ годините.
Прочитајте и Џастин Тимберлејк ја натерал да абортира, мајка ѝ ѝ давала алкохол во 8-мо одделение: Скандалозни детали што Бритни досега ги откри во книгата
Б. С. Б. | Црнобело