Бритни Спирс доживеа нервен слом, Џон Белуши се предозира: Хотелот во кој се случиле најголемите холивудски скандали
- Детали
- сабота, 17 август 2024
Основачот на филмското студио Columbia Pictures своевремено изјавил: „Ако треба да направите беља во Холивуд, одете во Chateau Marmont“.
Chateau Marmont е омилениот хотел за (развратни) забави на богатите и славните.
Лоциран во Холивуд, на познатиот Sunset Boulevard, овој хотел скоро еден век зад своите ѕидини ги крие тајните на ѕвездите. Но, некои од нив, сепак, стигнуваат до јавноста.
Популарниот Chateau Marmont, кој почнал со работа во 1929 година, е место каде што преку ден можете да испиете кафе или да јадете, но само со резервација, која некогаш треба да ја направите и неколку недели однапред.
А навечер хотелот станува место на кое се забавуваат познатите, или со своето друштво или како гости на приватни забави, модни ревии, афтерпарти по филмски премиери или концерти на познати бендови.
Но, тука се случија и некои од најголемите холивудски скандали:
Во мај 2024 Бритни Спиарс доживеала нервен слом во хотелот, откако, наводно се скарала со својот дечко, па почнала да беснее и да крши.
Таа беше фотографирана како излегува од хотелот боса и по долна облека, а во рацете држи перница и е покриена со ќебе.
Таа и во 2007 година направи скандал, кога почна да размачкува торта по лицето во еден од хотелските ресторани, по што менаџерите на хотелот ја „замолија“ да си оди за да не ја исфрлат.
Линдзи Лохан има забрана за влез во хотелот од 2012 година.
Причината за ова е што не платила сметка од 43.000 долари за својот едномесечен престој таму.
Кијану Ривс живееше во Chateau Marmont во 1990-те.
Во тоа време организираше развратни забави за пријателите, а денес вели дека се срами од тоа што го правел.
„Беше лудо, диво, немам зборови со кои би ги опишал тие времиња.
Претерував со некои работи, не само јас, туку и моите гости, па од денешен аспект, срам ми е од тоа што го правев“, изјави тој.
Актерот Џон Белуши се предозира во 1982 година, на забава на која беше со Роберт де Ниро и Робин Вилијамс.
Подоцна, недицинскиот извештај покажал дека тој измешал кокаин и хероин и починал во сон.
Натали Вуд имала само 16 години кога во Chateau Marmont го запознала режисерот на филмот Rebel Without a Cause, Николас Рој.
Во тоа време, Рој имал 43 години и секоја сабота правел забави во хотелот, за да го преболи неверството на сопругата.
Натали и Николас почнале афера која траела скоро една година, и покрај огромната разлика во години, но тоа ѝ ја донело улогата во познатиот филм.
Светски познатиот фотограф Хелмут Њујон почина во Chateau Marmont во 2004 година на необичен начин.
Излегувајќи од гаражата на хотелот, тој со својот автомобил удри во ѕид и почина на самото место.
Подоцна беше објавено дека фотографот имал срцев удар, поради што ја изгубил контролата над возилото и удрил во ѕидот.
А. Ј. | Црнобело