Шер си го отвори срцето: „Го фатив сопругот со секретарката во нашиот дом откако имав спонтан абортус“

„Брзо откако си легнав, слушнав шушкање и шепотење, па станав да проверам што се случува. Го видов Сони како ѝ помага на секретарката да излезе низ вратата. Беше вистинско клише. Ми го скрши срцето“, пишува Шер во мемоарите.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-01.jpg

Шер (78) и денес е една од најголемите светски ѕвезди. Но, нејзиниот живот, колку и да делува гламурозен, сепак бил проследен и со многу проблеми и трауми.

Дел од нив, славната пејачка ги раскажува во својата нова книга, наречена Cher: The Memoir, Part One.

Во книгата, Шер пишува и за страшните искуства што ги доживеала додека била во брак со Сони Боно.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-10.jpg

Таа открива дека Сони ја изневерувал со својата секретарка, брзо откако Шер имала спонтан абортус. За неверството дознала сама, откако „ги фатила“ него и секретарката една вечер во нивниот дом.

Шер пишува дека во 1967 година, кога нејзината и кариерата на сопругот стагнирала, таа доживеала трет спонтан абортус, поради што била исплашена дека можеби никогаш нема да може да има деца.

Во тоа време пејачката имала само 21 година.

А тој, наместо да биде покрај неа, решил да се посвети на пишувањето на нивниот следен филм.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-12.jpg

За да го заврши сценариото, Сони најмил секретарка, која требала да ги запишува неговите мисли.

Девојката била млада и русокоса и постојано доаѓала во нивниот дом за да може да работи со сопругот на Шер.

Една ноќ, пејачката се разбудила бидејќи била жедна, и отишла да си земе вода од кујната.

Во тоа време со сопругот живееле во куќа која имала врата од ковано железо која водела кон подрумот.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-03.jpg

И иако на Шер ѝ се причинило како да гледа силуети низ вратата, сепак не обрнала внимание на тоа.

Но, бидејќи не успеала да заспие, брзо откако си легнала, почнала да слуша „шушкање и шепотење“, и тоа ја натерало да провери што се случува.

„Во тој момент знаев дека нешто не е во ред, но продолжив да одам и го видов како ѝ помага на секретарката да излезе низ вратата.

Беше вистинско клише. И ми го скрши срцето“, пишува Шер во мемоарите.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-11.jpg

По ова, Шер се вратила во кревет и го игнорирала Сони кога се обидел да разговара со неа.

Потоа ги спакувала работите и отишла кај мајка си, но таа ѝ кажала дека веќе подолго време слуша дека сопругот ја изневерува и дека секретарката не е прва со која ја изневерил.

Мајка ѝ никогаш не му простила, особено што тој пробал да ја префрли вината кај Шер, велејќи дека пејачката не сакала да има секс колку што сакал тој, па дека тоа е причината поради која ја изневерил.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-06.jpg

Шер подоцна решила да му се врати и во 1969 година го добија синот Чез.

Сепак, тие се разделија во 1972 година, а поднесоа барање за развод две години подоцна.

Сони Боно загина во несреќа на скијање во 1998 година, на 62-годишна возраст.

Во меѓувреме Шер доби уште едно дете, овој пат со вториот сопруг, Грег Алман - таа во 1976 година го роди синот Елајџа Блу Алман.

sher-si-go-otvori-srceto-go-fativ-soprugot-so-sekretarkata-vo-nashiot-dom-otkako-imav-spontan-abortus-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg