Скандалозно: Шаманот што се ожени со норвешката принцеза призна - орално задоволувал клиенти на духовни сесии
- Детали
- петок, 15 ноември 2024
Не сопираат скандалите со сопругот на норвешката принцеза. Тој признава дека „згрешил“ со 5 негови клиенти и тврди дека таа наводно знае сè.
Само по два месецa откако стапи во брак со норвешката принцеза Марта Луиз (53), самопрогласениот шаман Дурек Верет (49) се најде среде скандал.
Швеѓанец го обвини за сексуално злоставување за време на спиритуалната сесија што ја имал со него.
Швеѓанецот се обрати до медиумите и ја раскажа својата приказна за искуството со самопрогласениот шаман и детално опиша зошто се чувствува злоупотребено.
Сега, неколку седмици по скандалот, Верет за медиумите откри дека принцезата Марта знаела за неговите „грешки“ со клиентите.
Норвешкиот магазин „Se og Hør“ објави транскрипција од аудио снимка на шаманот во која тој вели:
„Имам дел од мене кој едноставно не познава за ограничувања“, а потоа додава дека неговата жена со кралско потекло се обидува да му помогне да ги „процесира“ овие негови страни и наводно знае сè.
„Причината зошто ги правам овие грешки е затоа што мажите некогаш прават такви работи и живеам во свет каде сè ми се врти околу љубовта, конекцијата и енергијата“.
Оваа изјава на шаманот дојде откако во норвешките медиуми осамнаа три гласовни пораки во кои Верет открива дека извел орален секс со еден од неговите машки клиенти по сесијата, како и дека ѝ помогнал на жена да ја „исчисти“ вагината, по насилен секс со нејзиниот партнер.
Тој во пораките, кои протекоа во јавноста, открива дека ја преминал границата со 5 негови клиенти при неговите спиритуални сесии.
Разговорите во кои Верет ги открива овие детали, тој ги водел со неговиот поранешен пријател, некогашниот модел Eрик Нис (53).
Наводно Ерик бил загрижен бидејќи двајца поранешни клиенти на шаманот му рекле дека нешто од сексуална природа се случило за време на сесиите со шаманот и дека тоа направило да се чувствуваат непријатно.
Скандалите со сопругот на норвешката принцеза очигледно нема да сопрат тука...