Смртни случаи во Холивуд кои со децении се обвиени со мистерија
Џорџ Ривс
Актерот Џорџ Ривс се прослави со серијата Adventures of Superman во 1950-тите.
Починал во 1959 година, од прострелна рана во главата.
Првично, причина за смртта било самоубиство, но јавноста не верувала во ова.
Според некои, поверојатно е дека бил случајно застрелан бидејќи во мигот кога умрел, тој бил во друштво на тројца пријатели и неговата свршеница.
Сепак, ништо од ова не е потврдено и смртта останува мистерија.
Тупак Шакур
Тупак Шакур беше убиен во 1996 година.
Додека излегувал од сала каде што се одржувал боксерски меч, покрај него поминал автомобил, а едниот од патниците го застрелал.
Музичарот бил пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите.
А, до денес не се знае кој стои зад убиството.
Според некои извори, две години пред смртта имало друг неуспешен обид за негов атентат и наводно станувало збор за истите напаѓачи.
Сега, кога јавноста дозна за криминалните дела на Пи Диди, се засилија шпекулациите дека можеби тој е убиецот.
Британи Марфи
Актерката Британи Марфи почина во 2009-та, на 32-годишна возраст.
Наводно, неколку дена претходно, покажувала симптоми на грип, па како причина за смртта биле наведени проблеми со здравјето.
Но, околу пет месеци подоцна, почина и нејзиниот сопруг, и тоа во исти околности.
Тогаш семејството на актерката почна да ги истакнува своите сомнежи дека можеби била убиена.
Татко ѝ, пак, изјави дека во нејзиното тело биле пронајдени траги од отровот арсен, но наводно ова не било доволно за случајот повторно да се отвори.
Прочитајте повеќе: Мистериозната смрт на Британи Марфи: Со сопругот починаа од исти причини, во рок од 5 месеци
Спирова С. | Црнобело