Мистериозната смрт на Британи Марфи: Со сопругот починаа од исти причини, во рок од 5 месеци
- Детали
- недела, 03 септември 2023
Британи Марфи почина во 2009-та, на 32-годишна возраст, наводно од пневмонија и анемија. Шпекулациите за нејзината мистериозна смрт само се засилија откако, само пет месеци подоцна, почина и нејзиниот сопруг, и тоа од истите причини.
Британи Марфи е актерка за која слушнале сите – и поради талентот, но и поради нејзината трагична и мистериозна смрт.
Кон крајот на 1990-тите и раните 2000-ти, Британи се појави во некои од најпопуларните филмови, вклучувајќи ги Clueless, 8 Mile, Just Married и Girl, Interrupted.
Но, талентираната актерка почина во 2009-та, на само 32 години, наводно од анемија и пневмонија, а за нејзината смрт до денес постојат бројни шпекулации и теории на заговор.
Неколку факти за животот на прекрасната Британи Марфи:
Британи Марфи е родена во 1977 година во Атланта, Џорџија.
Нејзините родители се развеле кога имала две години, па таа пораснала со мајка ѝ.
Тие имале финансиски проблеми, а самата актерка имаше изјавено дека секоја вечер јадела само шпагети и морала да ја моли мајка ѝ да ѝ купи облека.
Во 1991-ва, актерката и мајка ѝ се преселиле во Лос Анџелес за Британи да проба да си го оствари сонот да стане актерка.
Во 1995 година, актерката се појави во филмот Clueless, по што кариерата почна да ѝ се движи во нагорна линија.
За краток период, Британи стана една од најпознатите холивудски актерки. Во меѓувреме, таа заплива и во музичките води, но не се истакна премногу во индустријата.
Во 2002 година, Британи Марфи и Ештон Кучер го снимаа филмот Just Married, а до крајот на годината веќе почнаа врска.
По некое време се појавија гласини дека се вериле бидејќи и двајцата носеа прстени, но тие никогаш не го потврдија ова.
Кон средината на следната година, актерите се разделија.
По ова, актерката си најде нов свршеник, но оваа врска траеше само четири месеци.
Во 2005-та, беше во врска со уште еден маж, а се разделија следната година.
Неколку месеци подоцна, Британи го запозна британскиот сценарист Сајмон Монџак. Тие почнаа врска и се венчаа во 2007-ма со интимна церемонија.
За многумина, токму Сајмон е причината за пропаста на Британи, па дури и нејзината смрт.