Мајка ѝ е Гркинка, има мафијашки корени - Факти за принцезата од Дубаи која на Инстаграм се разведе од сопругот
Мајката на Махра, Зои е ќерка на Василис Григоријакис, кој бил убиен во заседа на 15-ти јули во 2000-та година, а кој бил последниот владетел на моќното мафијашко семејство чиешто име предизвикувало страв и трепет низ Грција.
Зои и нејзината сестра Кирјаки биле сведоци на убиството на нивниот татко, па и отворено се спротивставиле на полицајците кои дошле на местото на убиството.
Познато е дека по неговото убиство, Зои и нејзината мајка биле единствените кои преживеале од семејството со спартански корени, додека Киријаки, наводно се самоубила во 2003-та година.
Непознато е како Зои од прогонета грчка мафијашка принцеза стигнала до тоа да биде петта сопруга на шеикот, но како што може да се види таа денес ужива во луксуз и изобилие.
Се смета дека токму влијанието од Зои придонело принцезата Махра денес да биде една од најнезависните и најнапредните жени во кралското семејство во Дубаи, па отворено да се спротивстави на неверствата на сопругот.
Махра студирала во Обединетото Кралство, а по дипломирањето во 2023-та година набрзо беше најавено дека таа ќе се омажи за шеикот Мана Бин Мохамед Бин Рашид Бин Мана Ал Мактум. Свадбата се одржа во Dubai World Trade Center и за неа биле потрошени 50 милиони долари.
Таа во мај годинава се породи со ќерката Махра, а само 4 месеци потоа се разведе од сопругот на Инстаграм. Според познавачите на исламските закони, со тоа што трипати ја повторила реченицата „се разведувам од тебе“, таа му дала на знаење дека одлуката е ефективна веднаш.
-->
-->
Освен што постојано нагласува колку е блиска со мајка ѝ, во месеците по разводот таа јавно му се заблагодари и на татко ѝ за поддршката.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард...
Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...