Мајка ѝ е Гркинка, има мафијашки корени - Факти за принцезата од Дубаи која на Инстаграм се разведе од сопругот
- Детали
- недела, 15 септември 2024
Мајка ѝ била мафијашка принцеза од семејството кое предизвикувало страв и трепет низ Грција во 90-тите, ја научила ќерка ѝ од најмали нозе да зборува грчки, но и ѝ ја пренела нејзината култура и традиција – Што знаеме за принцезата од Дубаи, Махра која се разведе од сопругот преку Инстаграм.
Принцезата од Дубаи, Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, во последните неколку месеци привлече внимание со тоа што од сопругот се разведе преку Инстаграм, а сега одлучи да започне свој бизнис и лансираше свој парфем на кое му го даде името „Развод“ (Divorce).
За жените во Дубаи и Арапскиот свет, принцезата стана симбол на женскиот отпор и за непокорливост, па многумина ја поздравија нејзината одлука да се спротивстави на неверствата на мажите и на полигамијата.
Махра важи за еден од попрогресивните членови на кралското семејство на Дубаи, а тоа според некои се должи на нејзината мајка и балканските корени.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:
Принцезата Махра (30) е ќерка на шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, кој е потпретседател, премиер и министер за одбрана на Обединетите Арапски Емирати.
Се смета дека татко ѝ има богатство од околу 18 милијарди долари, а тој е сопственик на повеќе компании, меѓу кои Emirates Airline, а негова била идејата за градбата на повеќе препознатливи градби во Дубаи, како и на Бурџ Халифа.
Махра е единствената ќерка што шеикот ја добил од бракот со Зои Грегоријакос, а тој има уште 25 други деца, од другите 5 брака.
Махра е симбол за убавина во Обединетите Арапски Емирати, а секогаш се фотографира во свој елегантен стил. Таа често е дел од модните случувања и настани во Дубаи.
Принцезата Махра е мошне блиска со нејзината мајка Зои, па често на Инстаграм објавува нивни заеднички фотографии, а вели дека уште од најмали нозе била одгледувана во духот на грчката традиција и течно зборува грчки јазик.
„Од најмали нозе мајка ми, ми ја пренесе грчката култура, а како резултат на тоа, мошне сум поврзана со земјата. Течно зборувам грчки јазик и се трудам колку е можно почесто да ја посетувам мојата земја“ – рече таа.