Прстенот со кој Бен се заколна на вечна љубов заминува во колекцијата на Џеј Ло – колку милиони „тежат“ сите?
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Најскапиот прстен што некогаш го добила е од Марк Ентони, а на последниот прстен Бен Афлек имал изгравирано посебна посвета. Џеј Ло по најновиот развод останува со 6 свршенички прстени, кои вредат вртоглави 17 милиони долари.
Џеј Ло досега била свршена шестпати, а пред олтар застанала четирипати.
Познато е дека таа никогаш не им ги враќа свршеничките прстени на мажите кои веќе се дел од нејзиното љубовно минато, па така денес се проценува дека има колекција од свршенички прстени вредна околу 17 милиони долари.
Веста дека Џеј Ло (52) поднесе документи за развод со Бен Афлек е топ тема во сите светски медиуми, а се очекува дека иако парот нема предбрачен договор и најверојатно ќе мора да ги подели милионите што ги заработија додека беа во брак, многу е веројатно таа да не му го врати свршеничкиот прстен на Бен.
Во продолжение погледнете ги свршеничките прстени, кои се доказ за нејзиното богато љубовно минато:
Од првиот сопруг Охани Ноа, со кого беше во брак 11 месеци, а се разведе во 1998-ма година Џеј Ло има свршенички прстен вреден 130.000 долари.
Во 2001-ва година Џеј Ло стапи во брак со танчарот Крис Џад, со кого се запозна на снимањето на спотот Love Don’t Cost A Thing. Тој ѝ дал прстен вреден 200.000 долари и е еден од поевтините.
Тие се разведоа по само 9 месеци брак во јули 2002-ра година, а постапката за развод беше финализирана во 2003-та година.