„Нема кој да ѝ купи нов џемпер?“ – Кејт Мидлтон исмеана заради облеката, откако имаше ретко појавување во јавност
- Детали
- понеделник, 12 август 2024
„Изгледа здраво, но што е со блузата?“ – прашуваат твитерџиите, откако беше објавено ново неочекувано видео со Кејт Мидлтон, во кое таа им упати честитки на британските спортисти за успесите постигнати на Олимпијадата.
Принцезата од Велс, Кетрин синоќа (11.08) имаше ретко појавување во јавност, кога преку видео порака им се обрати на спортистите од Велика Британија кои учествуваа на Олимпијадата во Париз.
Ова е едно од ретките појавувања на Кејт во јавност, откако на почетокот на годината објави дека боледува од рак и дека прима хемотерапија.
Таа неодамна се појави на церемонијата за затворањето на Вимблдон, но и на парадата по повод роденденот на Кралот Чарлс.
Why does Princess Kate Middleton who is part of one of the richest families in the World always wear the same Jumper? pic.twitter.com/NkYcrthTrW
— Concerned Citizen (@BGatesIsaPyscho) August 11, 2024
Забележително е дека на синоќешната видео снимка Кејт изгледаше доста посвежо и поздраво, додека нејзиниот сопруг Вилијам се појави во невообичаено несредено издание, со брада.
Иако многумина коментираа дека Кејт и Вилијам изгледаат одлично, други пак, не се уверени дека кралскиот пар ја покажува вистинската слика за себе.
Прво нешто што сите го забележаа е тоа што Кејт носи мошне слична блуза со риги, како онаа што ја носеше и на видеото кога објави дека боледува од рак.
Сепак, ако погледнете подобро, ќе сфатите дека претходната блуза има малку подебели црни линии.
„Најдете некој што ќе ве сака, како што Кејт си ја сака блузата на риги“;
„Нема некој да ѝ купи друг џемпер?“;
„Сигурно кралот веќе не ѝ дава пари за облека“ – се шегуваат дел од твитерџиите.
Други пак, коментираат дека има нешто чудно во видеото, во пределот околу косата, и пределот околу вратот, па многумина се запрашаа дали тоа е ѓерданче или пак, само главата ѝ била залепена со помош на Фотошоп.
За потсетување, по скандалот по повод Денот на мајките, кога се дозна дека фотографијата што Кејт ја објави со децата е фотошопирана, дел од теоретичарите на заговори, коментираа дека и видеото во кое таа објави дека е болна, е изработено со помош на вештачка интелигенција.
Сосема очекувано, истите теоретичари на заговори сега се прашуваат дали е возможно и ова видео да биде производ на истата технологија.
Кејт Мидлтон во март, 2024, кога објави дека боледува од рак
Б. С. Б. | Црнобело