Џеј Ло како кралица на раскошната забава за 55-тиот роденден, инспирирана од Bridgerton – Од Бен ни трага ни глас (фото)
- Детали
- четврток, 25 јули 2024
Џеј Ло го прослави 55-тиот роденден со забава инспирирана од серијата Bridgerton. Во духот на темата, пејачката пристигна со кочија, а на забавата свиреше оркестар. На забавата присуствуваа децата и мајката на Џеј Ло и бројни пријатели, но Бен го немаше никаде.
Вчера (24.07) Џенифер Лопез наполни 55 години, а за роденденот организира прослава инспирирана од хит-серијата Bridgerton.
Пејачката изгледаше како кралица во раскошниот фустан со корсет и широко здолниште. Косата ѝ беше собрана, а целиот изглед беше дополнет со проѕирни ракавици и минималистички накит.
Верна на темата на забавата, Џеј Ло пристигна со кочија, а гостите ги забавуваше оркестар со виолини.
На подиумот за танцување, пак, неколку танчари изведоа и танц препознатлив за ерата во којашто е сместена серијата Bridgerton.
Потоа, Џеј Ло го промени аутфитот – раскошната тоалета ја замени со елегантен светлозелен фустан со впечатлив украс на градите.
Очекувано, пејачката имаше и свој настап, а дуваше свеќички од бела торта на неколку ката.
На забавата беа присутни децата на Џеј Ло, мајка ѝ и бројни пријатели и членови на семејството.
Но, од Бен немаше ни трага ни глас.