„Не ја терав да имаме деца, не знам зошто лаже“: Џо Манганиело првпат прозборе за разводот со Софија Вергара
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
„Направи да изгледам како маж со средовечна криза кој ѝ дал ултиматум“ – една година по разводот, Џо Манганиело конечно прозборе за разделбата, истакнувајќи дека изјавите на Софија Вергара го „оцрниле“ и дека тој воопшто не ја терал да имаат деца.
Јавноста беше изненадена кога Софија Вергара и Џо Манганиело открија дека одлучиле да се разведат по седум години во брак.
Тие ги споделија новостите пред околу една година, но до денес се шпекулира за точната причина за разводот.
На почетокот од 2024-та, Софија Вергара изјави дека Џо ја терал да имаат деца, а таа не сакала да биде „стара мајка“, па затоа и се разделиле.
Но, сега, 47-годишниот Џо првпат прозборе за причината за разводот, истакнувајќи дека Софија, едноставно, лажела.
Во интервју за магазинот Men’s Journal, актерот вели дека не е во ред што бившата го „оцрнила“ во јавност.
„Се шпекулираат многу работи за тоа дека јас сум сакал деца. Тоа, едноставно, не е точно.
Во првата година, од бракот, со Софија пробавме да основаме семејство“, вели актерот.
Тој додава дека уште на почетокот на врската, пред да се венчаат, тие разговарале за тоа дали сакаат деца.
„Уште тогаш ѝ реков да ми каже дали сака уште деца. Ѝ реков дека ја разбирам ако не сака. Дека е во ред.
Ѝ се заколнав дека нема да ја напуштам ако никогаш немаме деца. И, не се разделивме за тоа“.
Џо вели дека се надева да има деца во иднина, но истакнува дека тоа не била причината за разводот со Софија.
„Едноставно, се оддалечивме, и некогаш се случува тоа“.
Актерот додава дека е разочаран од изјавата на Софија која имала негативно влијание врз неговата репутација.
„Изгледа како јас да сум маж со средовечна криза, кој по толку години заедно ѝ дал ултиматум ’Или направи го ова или ќе си одам‘. Јас никогаш не сум бил таква личност“.
За потсетување, во интервју од јануари годинава, Софија изјави:
„Не сакам да бидам стара мајка. Мислам дека не е фер кон бебето.
Добив син на 19 години, кој сега има 32 и јас сум подготвен да бидам баба, а не мајка“.
Прочитајте повеќе: „Не сакам да бидам стара мајка“: Софија Вергара откри зошто се разведоа со Џо Манганиело
Спирова С. | Црнобело