„Не сакам да бидам стара мајка“: Софија Вергара откри зошто се разведоа со Џо Манганиело

„Џо сакаше деца, а јас не. Мојот син има 32 години и јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка“, околу шест месеци по разводот, Софија Вергара откри зошто одлучиле да стават крај на бракот со Џо Манганиело.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-01.jpg

Разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело ја изненади јавноста, најмногу бидејќи се веруваше дека имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.

51-годишната актерка и 47-годишниот актер открија дека се разведуваат во јули минатата година, и оттогаш се појавија секакви шпекулации за можната причина.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-05.jpg

Сега, во интервју за шпанскиот медиум El Pais, актерката конечно откри зошто всушност се разделиле.

Имено, Џо сакал деца, а Софија – не.

„Нашиот брак се распадна бидејќи мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше деца, а јас не сакав да бидам стара мајка“.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-04.jpg

Софија смета дека и не би било фер да роди дете на нејзина возраст.

„Мислам дека не е фер за бебето. Ја почитувам секоја жена што ќе се одлучи за тоа, но ова не е за мене.

Родив син на 19-годишна возраст, кој сега има 32 години, и сега сум подготвена да бидам баба, а не мајка. Па, ако најдам љубов со друг маж, тој ќе треба да си има свои деца“.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-09.jpg

„Јас сум речиси во менопауза, па ова е нормалниот тек на работите. Кога мојот син ќе стане татко, ќе му дозволам да ми го донесе детето на гости, но потоа ќе му го вратам и ќе си продолжам со животот“, истакна актерката.

Софија и Џо беа заедно од 2015 година и ја најавија разделбата со заедничка изјава за Page Six. Два дена подоцна, Џо поднесе барање за развод, а како причина навел „ненадминливи разлики“.

Во меѓувреме, Софија почна врска со друг маж – ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-02.jpg

Џо, пак, почна врска со 34-годишната актерка Кејтлин О’Конор.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-03.jpg

Актерката продолжува да работи со полна пареа и неодамна излезе нејзината нова серија – Griselda – која се фокусира на животот на Гризелда Бланко, која важи за еден од најмоќните и најсуровите наркобосови.

Во серијата, Софија ја глуми токму неа.

ne-sakam-da-bidam-stara-majka-sofija-vergara-otkri-zoshto-se-razvele-so-dzho-manganielo-08.jpg

Засега Џо се нема огласено за разводот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg