Живеел во домот на нејзините родители, работел како електричар – Кој бил првиот свршеник на Викторија Бекам?
- Детали
- сабота, 06 јули 2024
„Тој не беше вистинската личност за мене“ – рече Викторија во една пригода за нејзиниот прв свршеник, а тој за да ѝ се одмазди тврдеше дека пејачката е зависничка од секс и дека градите не ѝ изгледале така во минатото. Кој беше првиот свршеник на Викторија Бекам, кого сите го заборавија?
Викторија и Дејвид Бекам деновиве слават 25 години од бракот, а малкумина знаат дека пејачката пред да застане пред олтар со тогашниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, била свршена за друго момче со кое живеела во домот на нејзините родители, па дури и го сменила презимето заради него.
Првиот свршеник на Викторија бил Марк Вудс, кого го запознала кога имала само 14 години, а тој работел како електричар и поставувал системи за аларм во компанијата на нејзиниот татко.
Тие двајца извесен период живееле заедно во луксузниот дом на родителите на Викторија, а тој ја побарал за жена во 1994-та година, кога пејачката имала само 20 години и непосредно откако била на аудиција за бендот со којшто се прослави - Spice Girls.
Иако сè уште не биле законски венчани, Викторија се потпишувала како Викторија Адамс Вуд на почетокот на кариерата.
Но, во 1996-та година, во периодот кога Викторија ја доживеа најголемата слава со нејзиниот бенд, таа одлучила да стави крај на 6-годишната врска со Марк.