Живеел во домот на нејзините родители, работел како електричар – Кој бил првиот свршеник на Викторија Бекам?
Иако првично му било мошне тешко заради раскинувањето, следната година Марк даде кратка изјава за медиумите во која рече:
„Тоа беше прекрасна врска. Но, тој дел од мојот живот е готов.
Навистина е тажно затоа што бевме заедно долго време.
Но, таа го доби тоа што отсекогаш го сакала и навистина сум горд на неа“.
Но, откако во 2004-та година во документарниот фил Being Victoria, некогашната Posh Spice одлучи отворено да зборува за тој период од својот живот, Марк почна да дава одмазднички изјави во медиумите.
Викторија тогаш беше веќе среќно омажена за Дејвид, а во документарниот филм рече:
„Тој не беше вистинската личност за мене. Не уживав со него, па затоа таа врска мораше да заврши.
Дури и не му го вратив свршеничкиот прстен! Сè уште го чувам, затоа што беше преубав прстен.
Нели е тоа ужасно? Звучам како да ме интересира само материјалното“.
Но, се чини дека изјавата што најмногу го повредила Марк е следната:
„Поради некоја причина се веривме. Тој инсталираше аларми.
Камо да останеше во шкафот на мајка ми, каде што го сретнав“.
По ова, тој излезе јавно и почна да ја оцрнува својата поранешна свршеница за која претходно имаше само убави зборови, па изнесе тајни за нивниот сексуален живот.
Тој тврдеше дека таа ја загубила невиноста со него на само 17 години, дека била зависничка од секс, па дури и дека имале односи во јавни тоалети, во воз...
„Градите што ги има денес сигурно не се истите што ги имаше во минатото“ – рече Марк и ѝ го зададе ударот на пејачката која во тој период упорно се обидуваше да скрие дека направила естетски корекции.
Како и да е, неговите изјави денес речиси сите ги заборавија, а во тоа време беа протолкувани како обид за одмазда на мажот кој таа јавно го понижила и го направила предмет за потсмев.
Б. С. Б. | Црнобело