Викторија Бекам жали за имплантите во градите: „Со години ги лажев сите, срам ми е да ѝ кажам на ќерка ми“
- Детали
- петок, 15 декември 2023
„Посакувам никогаш да не вградев импланти. Тоа беше краток период во мојот живот, но сѐ уште немам храброст за тоа да разговарам со ќерка ми“ – вели Викторија Бекам и признава дека се ежи од фотките на кои во прв план се нејзините силикони.
Во 1990-тите години Викторија Бекам, беше една од најпознатите пејачки во светот. Благодарение на нејзината кариера со Spice Girls речиси сите очи беа вперени во неа, а таа долго време криеше дека направила естетски процедури во тој период.
Имено, многумина беа вчудовидени кога пејачката преку ноќ се појави со нови поголеми гради и првично негираше дека била на операција за зголемување. Таа тврдеше дека нејзиното раскошно деколте се должело на лепило и „push up“ градник.
„Целосно сум природна, освен што имам вештачки нокти и малку ми помогнаа со косата и со вештачкиот тен“ – велеше Викторија.
Но, во 2017 даде интервју каде призна дека сепак вградила силикони.
Пејачката призна дека била на операција за зголемување на градите непосредно по раѓањето на синот Бруклин во 1999-та година, а во најновото интервју за магазинот Allure, таа признава дека зажалила за процедурата и дека денес ѝ е срам да разговара за тоа со нејзината 12-годишна ќерка Харпер.
„Ако сум искрена, посакувам никогаш да не вградев импланти. Тоа беше краток период во мојот живот и мислам дека еден ден ќе го споделам тоа искуство со ќерка ми, но сѐ уште не сме стигнати дотаму“- изјави таа.
Според пишувањата во медиумите, Викторија првично платила 10.000 британски фунти за зголемување на градите, а потоа имала уште една операција во 2001-ва за да ги зголеми уште повеќе.
Но, во интервју од 2009-та година призна дека била на операција за вадење на имплантите, па изјави:
„Немам веќе торпеда!“
Денес таа вели дека се ежи од фотографиите на кои во прв план се нејзините силикони.
„Долги години негирав дека сум вградила силикони. Тоа беше знак на несигурност. Денес знам дека треба да се гордеам со тоа што го имам“ – изјави Викторија.
Б. С. Б. | Црнобело