Кендал Џенер критикувана бидејќи шета боса низ Лувр на полноќ: „Каде ти е почитта?“

Кендал Џенер објави фотки со кои се пофали дека го посетила Лувр на полноќ, но она што ја разгневи јавноста е тоа што шетала низ музејот боса, со тоа покажувајќи непочитување кон установата и важните експонати кои се наоѓаат внатре.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-01.jpg

Кардашијанс редовно се критикувани дека немаат допир со реалноста.

На пример, пред некоја година, Ким Кардашијан го посети Ватикан со фустан кој е далеку од пристоен за престолнината на католиците.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-02.jpg

Последна на удар се најде Кендал Џенер поради објава на Инстаграм - 28-годишниот модел сподели неколку фотки од музејот Лувр во Париз.

На дел од фотките се гледаат експонати од музејот, но на две се гледа дека Кендал е боса.

Во описот, таа открива дека го посетила музејот навечер:

„Лувр на полноќ“.

View this post on Instagram

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Во коментари, некои следбеници споделуваат комплименти и велат дека ѝ завидуваат на Кендал на можноста да го посети музејот навечер, но други ја критикуваат дека не покажува почит кон установата.

„Боса во Лувр? Мислам дека е погрешно“.

„Те молам облечи чевли“.

„Добро, сфативме. Толку си богата што можеш да ги натераш да го отворат Лувр за тебе навечер за да шеташ боса низ него“.

„Каде е почитта? Никој не би требало да добие дозвола да шета бос на вакви места“.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-04.jpg

Па, се поставува прашањето - дали е забрането да се влезе во Лувр без чевли?

Наводно, во правилникот на Лувр не е нагласено дека чевлите се задолжителни за посетителите. Но, според туристички водич и експерт за патувања, носењето чевли е протокол кој се подразбира.

„Сигурна сум дека вработените во Лувр имаат видено сè кога ќе се земе предвид колку посетители има музејот, но не ми се верува дека често гледаат боси посетители.

Ова е како непишано правило во Лувр… како и во сите јавни места на затворено.

Покрај тоа, постои почит која треба да им се покаже на местата како Лувр со богата историја и уметност што се наоѓаат внатре“, вели експертот за People.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-03.jpg

Сепак, експертот истакнува дека на Кендал некако ѝ се пружила можноста и веројатно не гледала причина да ја пропушти.

Истовремено, Кендал сигурно платила за приватната тура и не е привилегирана за ништо друго, освен за пари.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-05.jpg

„Повеќето музеи и туристички дестинации нудат приватен влез или приватна тура.

Секако, за ова треба да се плати и има правила кои се следат ако установата се посетува пред или по работното време.

На пример, можеби нема да смеат да понесат храна и вода или нема да смеат да се фотографираат“.

kendal-dzhener-kritikuvana-bidejkji-sheta-bosa-niz-luvr-na-polnokj-kade-ti-e-pochitta-07.jpg

Иако Кендал можеби не прекршила некое правило, мислењето на јавноста е поделено и многумина сметаат дека треба да покаже барем малку почит.

Што мислите вие?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Тајните на славните дами заради кои чекорат во штикли како да се во патики Бираат носени и разгазени чевли наместо извадени од кутија за на настан, Кејт Ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg