„Нема ни трошка пристојност“ – Ким Кардашијан мета на критики откако го посети Ватикан со разголен фустан (фото)
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Деновиве Ким Кардашијан беше во посета на Ватикан, а она што привлече најмногу внимание е нејзината несоодветна облека, поради која ријалити ѕвездата се најде на мета на многу критики. Со неа беше и супермоделот Кејт Мос со ќерка ѝ, кои одбрале многу попристојна облека.
Неделава Ким Кардашијан беше во Ватикан, а и овојпат не ја испушти можноста да покаже повеќе кожа. Проблемот е што Ватикан е свето место за христијаните, па со ова Ким покажа големо непочитување кон верниците.
40-годишната ријалити ѕвезда одбрала фустан од чипка со голи рамена и исечоци кои откриваат дел од стомакот. Комбинацијата ја дополнила со минималистички сандали и очила за сонце.
За Ким е познато дека неретко одбира несоодветна облека, но овојпат предизвика лавина негативни коментари на Твитер.
„Ким, немаш ли ни трошка пристојност? Знаеме дека немаш добар вкус, но мора ли да го покажеш телото на овој начин во ВАТИКАН? Големо непочитување…“
„Кога сакав да одам во Ватикан морав да купам шал да си ги покријам рамената бидејќи носев блуза без ракави. Не ми се верува дека ја пуштиле без да ги покрие рамената“.
„Нема никакво почитување кон институцијата…“
„Ова е доказ дека без разлика колку пари имате, не можете да купите достоинство“.
„Дали навистина мислела дека ова е соодветна облека?“
Ким не беше сама во Ватикан – друштво ѝ правеше нејзиниот идол Кејт Мос, како и ќерката на супермоделот. За разлика од Ким, Кејт и ќерка ѝ одбрале посоодветна облека.
Супермоделот носеше црн фустан со рамки, како и кошула со која си ги покри рамената. Нејзината ќерка носеше долги син фустан, во комбинација со црно сако.
Сепак, во некои градби, како базиликата Свети Петар, кодексот за облекување е многу строг, па Ким изгледа била присилена да облече долг црн мантил пред да влезе внатре.
Покрај Ватикан, Ким прошета и низ Рим, а папараците ја уловија додека се фотографира пред Колосеумот. Овојпат, Ким одбрала сини шорцови и бела блуза, во комбинација со влечки.
Спирова С. | Црнобело