„Нема да дувам“ – Џастин Тимберлејк уапсен додека возел пијан, полицаецот бил многу млад и не го познал
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
„Се напив само едно мартини!“ - наводно, ова било тврдењето што Џастин Тимберлејк им го дал на полицајците кои го фатиле како се тетерави по улицата, седнува во автомобил и во само неколку метри возење успеал да направи 3 сообраќајни прекршоци.
Во сите светски медиуми се објавени фотографиите од апсењето на познатиот пејач Џастин Тимберлејк.
Затворската фотка на која бившиот дечко на Бритни Спирс е со видно црвени очи денес ги краси насловните страници во сите таблоиди.
Според објавата во поголемите светски медиуми, во понеделникот (17.06) Џастин бил излезен со пријатели во хотел во Хемптонс, а по лудата вечер излегол и си заминал со неговиот автомобил BMW.
Набрзо потоа бил сопрен од полиција и кога од него било побарано да дува, тој одбивал:
„Не, нема да правам хемиски тест! Одбивам! Одбивам!“
Наводно, полицајците пред да го сопрат го забележале како се тетерави по улицата и не можел да стои на нозе, и заради тоа веднаш интервенирале, па воопшто не биле изненадени кога тој паднал на физичкиот тест за трезвеност.
Одблиску веднаш било забележано дека пејачот има закрвавени и насолзени очи и неподносливо мирисал на алкохол, зборувал забавено и не можел да се фокусира, на што тој се правдал дека испил само едно мартини и тргнал да си оди дома.
Според PageSix, полицаецот што го сопрел пијаниот музичар бил многу млад и воопшто не го ни препознал, па така кога Џастин му рекол:
„Ова ќе ми ја уништи турнејата“, полицаецот го прашал:
„Каква турнеја?“
Наводно, пријателите на Џастин набрзо дошле од хотелот и барале Џастин да биде пуштен, а самиот пејач не барал да добие посебен третман заради неговата слава.
По апсењето, Џастин бил изведен пред суд и е обвинет за три сообраќајни прекршоци: возење под дејство на алкохол, незастанување на знак за запирање и возење во погрешна лента.
По ноќта помината во притвор, Џастин бил пуштен дома во вторникот утрото, а папараците го пречекаа додека си заминува со неговиот адвокат.
Инаку, Џастин претходно отворено зборуваше дека имал проблеми со алкохолот и дека експериментирал и со други видови опојни супстанции.
„Сум имал искуство со дроги и се случило да бидам фатен на дело.
Само што секогаш се трудам да нема камери околу мене“ – призна тој.
Џастин во моментов е на светска турнеја и веќе има закажано два концерта во петок и во сабота, а со какви последици ќе се соочи заради неодговорното однесување, останува допрва да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





