Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелинг

По смртта на татко ѝ, не доби скоро ништо

Таткото на Тори Спелинг почина во 2006-та, на 83-годишна возраст.

Но, иако имаше богатство од 600 милиони долари, на Тори ѝ оставил само 800.000.

„Јас и татко ми зборувавме за парите пред неговата смрт, и тоа беше особено тежок разговор.

Ми рече дека ќе бидам во ред, но дека ми оставил нешто помалку од милион.

Се мразев себеси што се надевав на повеќе бидејќи не сакав да бидам девојката што живее од парите на татко ѝ“.

Прочитајте и: Како Тори Спелинг од богата наследничка стана задолжена жена на работ од нервен слом?

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-12.jpg

Сопругот Дин ја изневери

И покрај тешкиот почеток, бракот на Тори и Дин почнал да се подобрува, а тие добија и пет деца заедно.

Но, седум години по свадбата, тој ја изневерил Тори со 28-годишна девојка.

Според девојката, тие поминале две вечери во хотелска соба.

Тори одлучи да остане со сопругот само за нивните деца.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-08.jpg

Имаше сообраќајка предизвикана од папараци

Во 2011 година, кога беше бремена, Тори Спелинг доживеа сообраќајка.

Според неа, во автомобилот била со двете деца, кога почнале да ја бркаат папараци.

Обидувајќи се да избега од нив, таа удрила во ограда.

За некоја среќа, и Тори и децата избегнале повреди.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-0.jpg

Има(ше) сериозни финансиски проблеми

Тори била научена на раскош, па не е ни чудо што откако останала со „само“ 800.000 долари, не знаела да се снајде.

Тори самата призна дека не можела да се контролира кога трошела.

„Додека растев, бев побогата од што другите можат да си замислат. Дури и кога пробував да живеам поскромно, не можев да ги заборавам скапите работи“.

Во 2016 година, Тори не можела да си ги исплати долговите кон банката, па беше и тужена. Истата година, доби уште една тужба бидејќи не плаќала данок.

„Уште од 18-годишна возраст имав мој сметководител, па никогаш не водев сметка за своите пари. За жал, никогаш не научив како да се справувам со парите“.

Минатата година, пак, извесен период живееше во евтини мотели, па дури и камп-приколка.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-11.jpg

Се раздели од сопругот во 2023-та

По 18 (бурни) години заедно, Тори Спелинг и сопругот Дин одлучија да се разделат.

Во интервју, Дин сподели дека тој бил виновникот.

„Тори само сакаше да бидам среќен и здрав, а јас ѝ нанесов многу болка“.

Тој спомна и дека имал проблеми со користење дрога.

Тори, пак, изјави дека посакувала да поднесе барање за развод повеќе од една деценија, но немала храброст.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg