Тоше Проески и Маријан Стојановски – Познати личности кои заедно учеле во училиште
- Детали
- петок, 21 јуни 2024
„Ми беше другар, заедно седевме во иста клупа“ – изјави Маријан во далечната 2007-ма кога Тоше загина. Кои други наши и светски ѕвезди оделе во исто училиште?
Многу од познатите личности кои можеби не ги поврзале никако, всушност се поврзани со една работа – исто училиште.
Верувале или не, голем број познати домашни и светски ѕвезди оделе во исто училиште, па дури и учеле во ист клас.
Па така, Бен Афлек и Мет Дејмон се најдобри пријатели од училиште, од филмското платно и во приватниот живот, Каролина Гочева и Кирил Лазаров биле партнери за матура, но и многу други ѕвезди се соученици.
Во продолжение, погледнете некои од нив:
Тоше Проески и Маријан Стојановски
„Ми беше другар, заедно седевме во иста клупа“, има изјавено во една пригода Марјан Стојановски за неговиот соученик, кој трагично загина во 2007 година.
Каролина Гочева и Кирил Лазаров
„Со Каролина седевме во иста клупа, а бевме и партнери за матура“ - изјави во интервју за CRNOBELO.com Кире.
Тамара Тодевска и Влатко Илиевски
Тие беа најдобри пријатели додека не згасна животот на прерано починатиот Влатко.
Учеа заедно во средно музичко училиште и беа партнери за матура, а Тамара често се потсетува на убавите спомени со него.