Вознемирувачко видео по обвиненијата за силување: Пи Диди ја удира бившата откако пробала да избега во 2016-та
- Детали
- сабота, 18 мај 2024
CNN објави вознемирувачко видео од 2016-та на кое се гледа како раперот Пи Диди брутално ја напаѓа неговата бивша девојка Кеси, откако таа пробала да избега од хотелот во којшто отседнувале. Кеси го тужеше раперот за силување и физичко малтретирање
Кон крајот на минатата година, бившата девојка на Пи Диди, Кеси, излезе со обвиненија против раперот и откри дека со години била жртва на физичко и сексуално насилство од негова страна.
Оттогаш се појавија гласини дека раперот бил вмешан и во проституција, а неговиот дом беше претресен од вооружени агенти.
Сега, CNN објави вознемирувачко видео кое само ги потврдува обвиненијата на Кеси.
Видеото е снимено во 2016 година, од безбедносна камера од хотел во Лос Анџелес. На него се гледа како раперот брутално ја напаѓа Кеси.
Тој ја фаќа за коса, ја турка на земјата и продолжува да ја удира со нозете. Потоа и ја влече за косата.
Наводно, нападот се случил кога Кеси се обидела да си замине од хотелската соба.
Според Кеси, раперот му платил на хотелот 50.000 долари за да му ја дадат снимката од нападот.
Два дена по нападот, Кеси и Пи Диди присуствува на премиера на филмот The Perfect Match, а на фотографиите од настанот се гледа дека девојката има модринки по телото.
„Одвратното видео само дополнително го потврдува вознемирувачкото однесување на Шон Комбс (вистинското име на раперот).
Не постојат зборови што ќе ја опишат храброста на Кеси што јавно прозборе за ова“, вели адвокатот на Кеси во изјава за Daily Mail.
Не е познато како од CNN допреле до снимката, но тие побарале изјава од хотелот во којшто се случил инцидентот:
„Хотелот сега има друго раководство и моментално немаме пристап до снимки од тој период“, им кажале од хотелот.
Во тужбата на Кеси од минатата година е наведен настан кој се случил „во март 2016“ и се претпоставува дека станува збор за инцидентот од снимката.
Според тужбата, раперот бил под дејство на дрога или алкохол и ја удрил Кеси на лицето. Кога тој заспал, Кеси пробала да избега од хотелот, но Диди се разбудил и тргнал по неа.
„Ја грабна, па зеде стаклена вазна од ходникот и ја фрли кон неа додека таа трчаше кон лифтот за да избега…
Откако сфати дека ако избега дополнително ќе го разгневи Комбс, таа се врати во собата обидувајќи да му се извини на својот напаѓач.
Кога се врати во собата, персоналот во хотелот ја замоли со такси да оди во нејзиниот дом, сугерирајќи дека ја виделе снимката на која тој ја напаѓа“, стои меѓу другото во тужбата.
Раперот засега упорно ги негира сите обвиненија, а се нема огласено за снимката.
Видеото е достапно на веб-сајтот на CNN ТУКА - доколку сакате да го погледнете, имајте на ум дека е вознемирувачко.
Прочитајте и: „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
Спирова С. | Црнобело