Децата на Пи Диди му се јавија на тато во затвор за роденден – некогаш славеше со оргии, сега зад решетки (видео)
- Детали
- вторник, 05 ноември 2024
Наместо кавијар, доби каша и овес. Наместо луксузна забава со познати личности и безброј пораки на социјалните мрежи, само децата не го заборавија и му приредија изненадување преку телефонски повик во затвор. Како Пи Диди го прослави 55-тиот роденден зад решетки?
Раперот и музички продуцент Шон Комбс, попознат како Пи Диди, вчера (04.11) го прослави 55-тиот роденден.
Но, за разлика од минатите родендени кога славеше со луди забави, оргии и згодни девојки, годинава денот го помина зад решетки, радувајќи се на повикот од седумте деца, кои му пееја роденденска песна.
Наместо кавијар и шампањ, според Newsweek, раперот роденденот го прославил со бисквити, каша и овесни снегулки – стандарден оброк кој им се служи на затворениците во затворот во Бруклин, каде што е сместен по обвиненијата за трговија со сексуални работници.
Во минатото, забавите на Пи Диди за родендените биле незаборавни - со црвен тепих, екстравагантни торти, шампањ, а негови редовни гости беа Кардашијанс, Џеј Зи, Фарел, Парис Хилтон, Мараја Кери, Ивана Трамп…
Никој од славните не му го честита роденденот и сите мудро молчат додека се во исчекување на исходот од судскиот процес што се води против него, а само неговите деца објавија видео на Инстаграм, за да покажат дека не го заборавиле.
Синот на Диди, Џастин Диор Комбс, на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека заедно со браќата и сестрите подготвиле торта со свеќи и заедно му пееја роденденска песна преку телефонски повик на татко им кој се соочува со сериозни обвиненија.
Јавноста за првпат имаше можност да го слушне раперот, откако тој беше притворен, а во видеото се слуша како им се заблагодарува на децата што се силни за него.
„Ве сакам, сите. Ве сакам премногу.
Со нетрпение чекам да ве видам.
Само сакам да ви кажам дека се горедам со сите вас, особено со девојчињата.
Мислам со сите вас, само затоа што сте силни. Ви благодарам што сте со мене и што ме поддржувате“ – им порача раперот.
За крај тој нагласи дека децата наскоро ќе го посетат во затворот каде што престојува, па рече:
„Се гледаме за неколку дена“.
Инаку, Пи Диди е обвинет за заговор за изнудување финансиска корист, трговија со сексуални работници и транспортација и вклучување во проституција.
Обвиненијата против него се сериозни, а досега голем број малолетни лица тврдеа дека биле силувани, откако претходно раперот им подметнал опојни супстанци.
Прочитајте и Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 жени?
Б. С. Б. | Црнобело