„Се чудиме како издржавме 27 години заедно“: Дејвид Бекам искрен за бракот со Викторија, по документарецот и наводната афера
- Детали
- вторник, 14 мај 2024
„Кога го изгледавме документарецот, само се погледнавме и се прашавме како ги преживеавме изминативе 27 години“, вели Дејвид Бекам во ново интервју каде што зборува за документарецот од 2023-та во кој се спомнува и неговата наводна афера со асистентка од 2004-та.
Документарецот Bechkam опфаќа голем дел од животот на фудбалската легенда Дејвид Бекам – од неговите скромни почетоци, до достигнувањето светска слава.
Истовремено, документарецот, во кој имаше и снимки кои никогаш претходно не биле емитувани, се фокусира и на неговиот брак со Викторија Бекам, вклучувајќи ги проблемите на парот.
Сега, неколку месеци по премиерата на документарецот, Дејвид Бекам признава дека со Викторија ни самите не се сигурни како издржале 27 години, од кои веќе 25 години во брак, особено откако се присетиле на многуте проблеми гледајќи го документарецот.
Дејвид не ја спомнува аферата која наводно ја имал со неговата асистентка, но суптилно алудира и на тој проблем.
Фудбалерот вели дека и тој и дизајнерката биле многу емотивни додека го гледале документарецот и почнале да се прашуваат како успеале да се справат со сите премрежја.
Но, тој истакнува дека се пресреќни што уште се заедно.
„Тоа е едно нешто за коешто и јас и Викторија стануваме многу емотивни. Откако го изгледавме документарецот, само се погледнавме и реков ’Не знам како ги преживеавме изминативе 27 години'.
Но, успеавме и имаме прекрасно семејство, прекрасен бизнис и среќни сме. И, секако, кога сте со некој толку долго, нормално дека ќе имате подеми и падови.
Сите го знаат тоа, но на крај ние бевме среќни бидејќи се имавме еден со друг“, вели фудбалерот.
„Таа беше дел од Spice Girls, јас играв за Manchester United, и дури и кога минувавме низ тешки периоди, се имавме еден со друг да се поддржуваме.
Имавме 21 и 22 години кога се запознавме. Се венчавме кога имавме 23 и 24 години, а го добивме првиот син кога јас имав 23 години. А, кога го добивме син ни Бруклин, добивме и нови одговорности“.
Во интервјуто фудбалерот неколкупати повторува колку е всушност среќен што ја има Викторија во својот живот.
„Многу сум среќен бидејќи се чувствувам благословено за мојата кариера. И, среќен сум што ја запознав Викторија во вистинскиот момент бидејќи сакав да станам татко уште додека бев млад.
Сакав да имам деца со кои заедно ќе ја следиме мојата креира и бев среќна што моите три момчиња сведочеа додека играв за повеќето тимови. Тоа е мошне важен дел од мојот живот“.
Дејвид сподели и зошто се одлучил да го сними документарецот кој открива навистина интимни мигови од неговиот живот.
„Бев нервозен за целиот проект. Кога се пензионирав, пред 10-ина години, сакаа уште тогаш да снимам документарец. Но, не бев подготвен.
Но, околу две години пред десеттата годишнина од пензионирањето, почнав да размислувам за тоа и помислив дека е време.
Најискрено, една од причините зошто го снимав документарецот е моето семејство. Сакав да ги имаат сите детали на едно место, да можат да го гледаат и да се потсетуваат.
И, токму тоа го направивме. Имаше приказна што требаше да ја раскажам, од моите почетоци, до разните клубови во коишто играв, до сите подеми и падови. И, мојата кариера беше како ролеркостер.
Но, очигледно, бев многу среќен што станав успешен. Севкупно, шокиран сум од реакциите за документарецот“, додава фудбалерот за позитивните критики.
Дејвид и Викторија Бекам се венчаа во далечната 1999-та и годинава ќе ја прослават 25-тата годишнина од бракот.
Пред свадбата, беа во врска околу две години, а денес имаат и четири деца.
Спирова С. | Црнобело