„Викторија ме натера да го побарам Дејвид, го фатив како нѐ изневерува и двете“ - Љубовницата на Дејвид Бекам со шокантни детали за нивната афера
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
„Влегов во куќата, се качив по скалите и ги видов двајцата телохранители на Дејвид пред вратата на една соба. На момците им шепнав: 'Викторија е на телефон'. Кога еден од нив ја отвори вратата, ја видов манекенката како лежи на креветот. Бев бесна. Само го погледнав Дејвид, му го дадов телефонот и му реков ‘Жена ти те бара’,“ раскажува Ребека Лус.
Поранешната асистентка на Дејвид Бекам, Ребека Лус, првпат прозборе јавно за наводната афера со британскиот фудбалер.
Таа вели дека тој не е жртва, како што се претставува во документарецот на „Нетфликс“ (кој имаше премиера на 3 октомври) и раскажа ситуација од 2003 година, кога го „фатила“ во соба со шпанска манекенка. Во тоа време, Ребека и Дејвид биле љубовници, пишува Daily Mail.
На 22 септември 2003 година, Ребека била гостинка на роденденската забава на бразилскиот напаѓач Роналдо, во неговиот дом во Мадрид.
Неговите роденденски забави биле секогаш раскошни и се прераскажувале со денови. Па, ни оваа забава не била исклучок.
„Имаше прекрасна храна, самба бенд од Бразил, шампањ ‘течеше’ од сите страни“, се сеќава Ребека.
Но, она што почнало како забавна ноќ, се претворило во кошмар за Ребека, која во тоа време работела како лична асистентка на Дејвид Бекам, но истовремено била и негова љубовница.
„Ми заѕвони мобилниот телефон. Викторија го бараше својот сопруг. Беше вознемирена затоа што го барала, но тој не ѝ кревал на телефон. Ѝ реков дека не знам каде е.
А таа ми кажа: ‘Не ја спуштај слушалката, туку оди и најди го’,“ се сеќава Ребека на ноќта.
„Ѝ реков ‘Во ред...’, но беше малку незгодно.
Влегов во куќата и се качив по скалите, па ги видов двајцата телохранители на Дејвид пред вратата на една соба“, вели таа.
На момците пред вратата им шепнала „Викторија е“ и покажала кон телефонот што го држела во раката.
Еден од телохранителите влегол во собата, а кога се вратил, Дејвид бил со него.
„Кога ја отвори вратата ја видов манекенката во позадина како лежи на креветот. Видов и дека е спална соба.
Не можам да го опишам чувството, бев бесна. Само го погледнав, му го дадов телефонот и му реков ‘Жена ти’,“ раскажува Лус.
Бекам го зел телефонот, тивко разговарал со Викторија, а потоа и го вратил мобилниот на Ребека.
„Бев толку повредена. Тоа беше ужасно чувство, а јас си мислев: ‘Глупава будало’.
Но, тој веќе ме имаше, ме држеше со своите канџи и јас му бев на располагање кога и да посакаше“, вели Ребека.
Прочитајте и „Го презирав Дејвид, бев несреќна“ - Викторија Бекам за првпат искрено проговори за аферата на фудбалерот со асистентката
А. Ј. | Црнобело