„Го презирав Дејвид, бев несреќна“ - Викторија Бекам за првпат искрено проговори за аферата на фудбалерот со асистентката

„Дали го презирав Дејвид? Ако сум целосно искрена, да. Тоа беше периодот во кој бев најнесреќна во мојот живот“ – Викторија Бекам за првпат отворено зборува за аферата на нејзиниот сопруг Дејвид со асистентката и како морала да се пресели во Мадрид за да го спаси бракот.

go-prezirav-dejvid-bev-nesrekjna-viktorija-bekam-za-prvpat-iskreno-progovori-za-aferata-na-fudbalerot-so-asistentkata-01.jpg

На Нетфликс почна да се емитува новиот документарен филмски серијал посветен на животот на фудбалерот Дејвид Бекам, кој ги опфаќа сите детали од неговиот живот од раното детство, па сѐ до мигот кога стана сопственик на Inter Miami.

go-prezirav-dejvid-bev-nesrekjna-viktorija-bekam-za-prvpat-iskreno-progovori-za-aferata-na-fudbalerot-so-asistentkata-02.jpg

Синоќа (03.10) во Лондон се одржа премиерата на филмот Beckham, на која присуствуваа Дејвид и Викторија заедно со нивните 4 деца Бруклин (24), Ромео (21), Круз (18) и Харпер (12), а филмот сам по себе откри голем број детали од животот на славниот пар, за кои досега само сe ширеа гласини.

go-prezirav-dejvid-bev-nesrekjna-viktorija-bekam-za-prvpat-iskreno-progovori-za-aferata-na-fudbalerot-so-asistentkata-03.jpg

Викторија за првпат по 20 години зборуваше за наводната афера на нејзиниот сопруг со неговата асистентка Ребека Лус, која беше топ-тема во медиумите во 2003-та година.

Во тоа време Ребека излезе со повеќе тврдења во медиумите дека му била како втора сопруга на Дејвид и се појави во голем број реални шоуа и даваше изјави за британските таблоиди.

go-prezirav-dejvid-bev-nesrekjna-viktorija-bekam-za-prvpat-iskreno-progovori-za-aferata-na-fudbalerot-so-asistentkata-06.jpg

Сега, речиси 20 години подоцна, Викторија и Дејвид за првпат во документарниот филм одговорија на прашања поврзани за аферата и за тоа како влијаела врз нивниот брак.

На прашањето како се справувале со тоа што нивните имиња беа застапени во голем број таблоиди, Дејвид одговори:

„Имаше ужасни приказни што беа многу тешки за да се справиме со нив. Тоа беше првпат јас и Викторија да се најдеме под таков притисок во нашиот брак“.

go-prezirav-dejvid-bev-nesrekjna-viktorija-bekam-za-prvpat-iskreno-progovori-za-aferata-na-fudbalerot-so-asistentkata-05.jpg

Прашана дали тоа бил најтешкиот период во нејзиниот брак, Викторија изјави:

„Сто отсто, тоа беше најтешкиот период за нас. Затоа што се чувствувавме како светот да се свртел против нас. А клучно беше што и ние се свртевме еден против друг, ако бидам целосно  искрена.

Сѐ додека Дејвид не отиде во Мадрид, се чувствуваме како ние двајца да се бориме против целиот свет. Но, бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг.

Но, кога бевме во Шпанија се чувствувавме како да се загубивме еден со друг. И тоа беше тажно, не можам ниту да ви кажам колку лошо влијаеше тоа врз мене“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg