„Го презирав Дејвид, бев несреќна“ - Викторија Бекам за првпат искрено проговори за аферата на фудбалерот со асистентката
Дејвид појасни дека многу му било тешко кога се преселил во Шпанија затоа што се чувствувал како преку ноќ да бил продаден од клубот во кој бил 12 години, па се нашол во градот каде што не го разбира јазикот, а неговото семејство не е со него.
За да ја надминат кризата, Викторија и Дејвид одлучиле да заминат на семејно патување со цел да го спасат бракот.
„Не знам како ја надминавме таа криза искрено. Викторија ми е сѐ на светот.
Навистина ми беше тешко да ја гледам дека е повредена.
Но, ние бевме борци, во тоа време требаше да се бориме еден за друг и за нашето семејство. И за тоа вредеше да се бориме, но на крај тоа беше нашиот приватен живот“ – изјави Дејвид.
Ребека Лус
По ова, Викторија одлучи да се пресели во Мадрид, каде купија куќа вредна 3 милиони британски фунти, а подоцна го добија и третиот син Круз (18).
Но, Викторија признава дека ова бил најмрачниот период во нејзиниот живот, затоа што премногу ѝ недостасувал Лондон.
„Дали го презирав Дејвид? Ако сум целосно искрена, да. Тоа беше периодот во кој бев најнесреќна во мојот живот“ – вели таа.
Освен за аферата со асистентката, која денес живее мирен живот во Норвешка како инструктор по јога, Дејвид и Викторија открија уште неколку интересни детали за нивната врска, како тоа како реагирала мајката на фудбалерот кога дознала дека тој е во врска со неа и како реагирал тренерот на ФК Manchester United, Алекс Фергусон.
Наводно, на мајка му Сандра воопшто не ѝ се допаѓало тоа што Дејвид бил подготвен да вози и по цела ноќ за да помине само неколку мигови со Викторија и сите сметале дека се однесува како зависник.
Мајка му се трудела да ги попречи нивните доцни разговори и средби, но ништо не можело да им застане на патот, а Алекс Фергусон бил гневен и воопшто не му се допаѓале промените кај Дејвид.
Дејвид и Викторија отворено зборуваат за сите фази од нивните животи, од тоа како фудбалерот го пропуштил раѓањето на нивниот син Бруклин, па сѐ до миговите кога се преселија во Лос Анџелес и откриваат голем број тајни што досега не сме ги знаеле.
Сѐ на сѐ, се предвидува овој серијал за брзо време да ја освои публиката на Нетфликс.
Прочитајте и „Одбила милиони за секс снимка“ - Каде е денес асистентката на Дејвид Бекам, со која тој наводно имал афера?
Б. С. Б. | Црнобело