Клои Кардашијан откри како успеала да ослаби 36kg по бременоста: „Ми беше многу тешко“

Клои Кардашијан, за разлика од нејзините сестри, многу почесто се соочувала со критики за изгледот, а сега откри што направила и како успеала во последните неколку години да се ослободи од вишокот од 36 килограми, за денес да биде во топ форма.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-01.jpg

Во 2018-та година Клои се породи со ќерката Тру, а сега во гостување во подкаст, откри дека по бременоста тежела повеќе од 92 килограми и не била задоволна од својот изглед.

Пред да остане бремена, ријалити ѕвездата имала стриктна рутина за вежбање, а по бременоста била мошне загрижена за тоа како пак ќе се врати во теретана.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-02.jpg

„Првиот пат ми требаа многу години за да ослабам, но бидејќи знаев што треба да правам, ги имав сите алатки, по бременоста успеав многу побрзо да ослабам од првиот пат.

Бев премногу горда на себе, успеав да ослабам двапати“ – вели Клои.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-03.jpg

Таа признава дека пред да почне да слабее, често знаела емоциите да ги потиснува со храна.

„Отсекогаш сум била спортски тип, но буцка. Отсекогаш спортував, но никогаш не бев во топ форма.

Мојот проблем отсекогаш била храната и морав да бидам одлучна за тоа што смеам, а што не смеам да јадам. Пицата ми е најголема слабост, но сега никогаш нема да изедам цела пица одеднаш.

Затоа најважно е прво да го тренирате мозокот“ – вели Клои.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-06.jpg

Таа вели дека по бременоста со Тру, прво нешто што направила било тоа што се откажала од газирани пијалаци, па потоа почнала да ги исфрла сите оние работи заради кои имала проблем со телесната тежина.

„Малку по малку, ги исфрлав работите што ми пречеа. Следната недела ќе исфрлев уште нешто затоа што сфатив дека сум ја пробала секоја можна диета додека бев помлада и не ми помогнала“ – раскажува Клои.

Таа вели дека била свесна дека слабеењето не може да се случи преку ноќ и била мошне трпелива.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-04.jpg

Познато е дека Клои вежба редовно, а се придржува до диета богата со протеини, но во ограничени порции и избегнува да консумира јеглехидрати, но и млечни производи.

Самата тврди дека забележала дека млечните производи не ѝ дозволуваат да ослаби, па затоа целосно ги исклучила од исхраната.

Во текот на денот таа има 8 помали оброци, а консумира само здрава и органска храна.

Наместо вештачки, се труди да внесува само природни шеќери.

kloi-kardashijan-otkri-kako-uspeala-da-oslabi-36kg-po-bremenosta-mi-beshe-mnogu-teshko-05.jpg

Прочитајте и „Пробав да ја држам диетата со која Клои Кардашијан ослабе 20kg – цел ден јадам и пак сум гладна“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg