Се венчаа 11 дена по смртта на ќерка му – Чудни детали од бракот на Мајк Тајсон и сопругата Лакиха
Лакиха беше во затвор додека беше бремена
Во 2008 година, Лакиха добри 6-месечна затворска казна поради учество во измама преку која со нејзиното семејство украле над 200.000 долари.
Само една недела пред да почне да ја отслужува казната, Лакиха дознала дека е бремена од боксерот.
Лакиха ја роди ќерката Милан по излегувањето од затвор, кон крајот на 2008 година.
Но, ни детето не било доволно за боксерот да се смири – додека Лакиха се грижела за нивната ќерка, тој честопати излегувал и не се враќал со денови. Лакиха, пак, не знаела ништо за тоа каде е и што прави.
Но, и покрај ова, останала покрај него и му помогнала да се ослободи од зависностите.
Боксерот има откриено и дека многупати кога се предозирал со дрога, Лакиха била таа што го враќала во живот.
Се венчаа неколку дена по трагичната смрт на ќерката на боксерот
На 26 мај 2009-та, 4-годишната ќерка, која Мајк Тајсон ја доби со поранешна девојка, трагично го изгуби животот.
Имено, додека си играло, девојчето се заплеткало со кабел и се задушило.
Мајк се венча со Лакиха само 11 дена подоцна.
Боксерот има изјавено дека смртта на ќерка му се случила во можеби најлошиот период од неговиот живот – неговата зависност од дрога била надвор од контрола, додека Лакиха се адаптирала на животот надвор од затвор, и тоа со бебе.
Но, трагедијата го мотивирала да почне да работи на себе и да биде подобар татко и сопруг.
Боксерот нема откриено зошто чекал само 11 дена по смртта на ќерка му за да се венча, но наводно со Лакиха сакале да завршат со венчавката што побрзо, па направиле церемонија без ниту еден гостин.
Спирова С. | Црнобело