Се венчаа 11 дена по смртта на ќерка му – Чудни детали од бракот на Мајк Тајсон и сопругата Лакиха
- Детали
- среда, 24 април 2024
Се запознале кога Лакиха била тинејџерка, а додека била бремена со нивното дете, таа поминала шест месеци во затвор. Како целиот живот, но и бракот на Мајк Тајсон е исполнет со скандали и бурни моменти?
Дури и оние кои не следат бокс, многу добро знаат кој е Мајк Тајсон. Истовремено, добро познат факт е дека поранешниот боксер е контроверзна личност.
Зависноста од дрога и алкохол, аферите, па и натпреварот во кој Мајк му го одгриза увото на противникот, се само дел од бурниот живот на боксерот.
Од 2009 година, Мајк е во брак со Лакиха Спајсер, а низ годините, и овој (трет) брак на боксерот бил исполнет со скандали.
Дел од најчудните детали од бракот на Мајк Тајсон и Лакиха Спајсер:
Боксерот ја изневерил многупати
Околу пет месеци по свадбата, Мајк Тајсон изјави дека сопругата Лакиха е единствената жена на којашто ѝ бил верен.
Сепак, во 2020-та сподели друга изјава:
„Не сум верен сопруг. Едноставно, не сум таков маж. Ништо не ми е поважно од мојот пенис, па како можам да бидам верен?“
Подоцна боксерот додаде дека сопругата му помогнала да го надмине овој проблем и наводно сега ѝ бил верен.
Претходно, тој често зборуваше за неговата навика да изневерува и велеше дека бил свесен за последиците.
„Знам дека голем дел од моите врски биле неуспешни бидејќи никогаш не сум бил лојален или искрен кон луѓето околу мене“.
Ја запознал кога била тинејџерка
Мајк Тајсон и Лакиха се запознале во 1990-тите. Тогаш таа имала 18 години, а боксерот – 28.
Таткото на Лакиха често ги гледал боксерските натпревари на Мајк, а таа му правела друштво и така се сретнале.
Но, неговиот тогашен менаџер не му дозволувал да ѝ се додворува, па неколку години тие биле само пријатели.
Кога Лакиха наполнила 23 години, таа и боксерот почнале сексуална врска. Тој период Мајк беше во брак со Моника Тарнер, а Лакиха била само една од многуте жени со коишто ја изневерувал.
Кога се разведоа во 2003-та, Моника Тарнер истакна дека причината се неверствата.