Познати личности кои немаат (многу) блиски пријатели, и покрај славата
- Детали
- четврток, 02 мај 2024
Викторија Бекам има изјавено дека нема блиски пријатели, но дека секогаш е опкружена со семејството, па не се чувствува осамено.
Холивудските актери и светски познатите изведувачи се чини дека постојано се опкружени со луѓе.
Одат на важни настани и забави каде што се дружат со разни луѓе, па имаме перцепција дека се дружељубиви и опкружени со безброј пријател.
Но, многу често познатите се всушност интроверти, а и самите велат дека немаат блиски пријатели.
Неколку познати личности кои тврдат дека речиси и да немаат (блиски) пријатели:
Викторија Бекам
Неодамна, Викторија го прослави 50-тиот роденден со раскошна забава на која присуствуваа 100-тина гости.
Но, самата има изјавено дека нема многу блиски пријатели. Сепак, истакнува дека ова не прави да се чувствува осамено.
„Никогаш не се чувствувам осамено. Немам многу пријатели, но опкружена сум со луѓе со кои сакам да бидам. Блиска сум со сестра ми и пријател со кој одев на училиште…
Мислам дека вистинските пријатели разбираат дека не можеш да ги гледаш колку што сакаш бидејќи си зафатен.
Сите со коишто се познавам имаат кариера и семејство“, изјави дизајнерката во интервју.
Викторија има изјавено дека ѝ било тешко да стекнува пријатели уште во детството и честопати била жртва на булинг.
Били Ајлиш
Били Ајлиш има изјавено дека откако се прославила, се чувствувала како истата личност, со една разлика – повеќе немала пријатели.
„Морам да се потсетувам дека сега сум јавна личност бидејќи навистина заборавам.
Мојот живот ми изгледа ист како кога бев дете. Единствено што сега немам пријатели. Освен луѓето со коишто соработувам“, вели пејачката.
Анџелина Џоли
Во интервју од 2021 година, Анџелина изјави дека немала скоро никаков социјален живот, како и дека нејзините деца ѝ се најдобрите пријатели.
„Тие се најблиските луѓе во мојот живот и ми се пријатели. Ние сме седум многу различни луѓе и тоа е нашата сила“.
Анџелина и претходно има изјавено дека во животот ѝ недостасуваат пријателки.
„Имам малку пријателки, но и многу често само си седам дома. Не сум многу социјална личност.
Не излегувам многу со жените што ги познавам“.
Селена Гомез
Селена Гомез има милиони фанови, но вели дека нема многу пријатели и нагласува дека самата го избрала тоа.
„Мора да откриете кои луѓе се добри за вас. Имам само тројца пријатели на кои можам да им кажам што било. Но, сепак познавам многу луѓе.
Треба да имате луѓе кои ве почитуваат, кои ви го сакаат најдоброто. И, ова е навистина тешко“.
Меган Фокс
Актерката има изјавено дека нема многу пријатели, ни машки ни женски.
„Немам многу пријателки. Немам ни многу машки пријатели. Никогаш не сум била друштвена личност. И, не се чувствувам осамено или изолирано“, вели актерката.
Пред неколку години, таа откри дека има само една блиска пријателка која е козметичарка, но оттогаш ја нема спомнато.
Меган има изјавено и дека не сака да изглегува.
„Не излегувам од дома. Лесно е кога сте разочарани или депресивни за нешто да излезете на пијачка, но јас се присилувам да седам дома и да се справам со емоциите.
Јас сум навистина изолирана личност, но ова вреди бидејќи во спротивно немаше да успеам да изградам кариера“.
Спирова С. | Црнобело