Не е сѐ совршено: Џеј Ло ја покажа набраната кожа на стомакот - дали пејачката нагло ослабела?
- Детали
- четврток, 18 април 2024
На папараци фотките Џеј Ло за првпат беше забележана со набрана кожа на стомакот. Твитерџиите ја обвинуваат дека ги фотошопира фотографиите пред да ги објави на социјалните мрежи, а други пак ја бранат дека нагло ослабела.
Џеј Ло (54) деновиве беше фотографирана од папараци додека се шеташе низ Њујорк.
Таа беше на ручек со најдобриот пријател на нејзиниот сопруг Бен, Мет Дејмон и неговата сопруга Луциана Баросо во познат ресторан во Њујорк.
За оваа пригода, Џеј Ло се одлучи за опуштен стајлинг со широки фармерки со низок струк и краток топ со ролка.
Во оваа комбинација, повторно во прв план беше нејзиниот разголен стомак, но наместо мазната кожа која сме навикнати да ја гледаме на Инстаграм, овој пат беа забележани и нејзините несовршености.
@bombobmita111 #jlo#jenniferlopez#jlofans#fyp#love#stayl
-->-->♬ Modern Talking Pop Titan Megamix 2k17 (Full Long Version) - Modern Talking
Ако погледнете подобро на фотките, на стомакот на Џеј Ло може да се забележи набрана кожа, која најверојатно е резултат на тоа што ослабела драстично во последниот период.
Исто така, на социјалните мрежи има и коментари дека многу е веројатно пејачката да направила и естетски корекции или да била на лупосукција.
Иако е познато дека Џеј Ло напорно вежба и внимава на исхраната, сепак дел од твитерџиите сметаат дека овие папарацо фотки се доказ дека таа ги уредува фотките пред да ги објави на социјалните мрежи.
Како изгледа стомакот на Џеј Ло без Фотошоп и филтри погледнете во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело