Преживеа обид за убиство, му посакуваше смрт на син му – Мрачната страна на 50 Cent

Беше избоден со нож од колега

Конфликтот помеѓу 50 Cent и раперот Ja Rule своевремено привлекуваше многу внимание.

Проблемите меѓу раперите почнале во 1999 година, откако личност најмена од 50 Cent му се заканувала на Ja Rule со пиштол и му украла златен накит.

Во 2000 година, двајцата рапери требало да настапуваат во ист локал и наводно настаналa тепачка.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-06.jpg

Истата година, тие се нашле во исто студио во Њујорк и овде ситуацијата ескалирала.

Со нив бил уште еден рапер, кој бил на страната на Ja Rule и го избодел 50 Cent. Веднаш потоа Ja Rule и другиот рапер биле уапсени.

Расправиите помеѓу раперите продолжија со години и двајцата не штедеа на навреди на Твитер.

Наводно, уште се во лоши односи, но сега јавно не се навредуваат толку сурово.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-07.jpg

Преживеа обид за убиство

Ако сте го слушале 50 Cent, тогаш сигурно знаете дека беше застрелан дури деветпати.

Во мај 2000 година, додека раперот седел во својот автомобил пред куќата на баба му, црн автомобил се приближил до неговиот.

Од автомобилот излегол маж кој го застрелал деветпати.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-08.jpg

50 Cent беше погоден во нозете, рацете, градите и лицето, по што помина 13 дена во болница.

Наводно, убиството било нарачано од наркобос кој се разгневил бидејќи раперот го спомнал во негова песна. Со ова, 50 Cent разоткрил некои од неговите криминални активности.

Мажот што го застрела раперот подоцна беше уапсен, и тоа за неколку убиства, и доби доживотна казна затвор.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-09.jpg

Му посакуваше смрт на сопствениот син

50 Cent и неговиот син Маркис Џексон не се во добри односи, а во 2018-та раперот му упати и смртни закани.

Тогаш неговиот син објави фотографија со наркобосот кој се верува дека бил вклучен во обидот за убиство на 50 Cent од 2000 година.

Во коментари, раперот напиша:

„Ако ги удри автобус овие двајца, нема да ми се расипе денот“.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-10.jpg

По критиките, раперот се огласи и на Твитер:

„Јас не му мислам лошо на никој на светот. Луѓето кои му се идоли (на син ми) се рефлексија на енергијата што тој ја испраќа кон мене“.

Односот на раперот и син му се влошија по борбата за старателство со бившата девојка.

prezhivea-obid-za-ubistvo-mu-posakuvashe-smrt-na-sni-mu-mrachnata-strana-na-50-cent-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg