Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен тепих (фото)
- Детали
- четврток, 28 март 2024
Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Лондон со своите брат и сестра, само неколку дена откако поднесе тужба против својата баба Кетрин (93).
Трите деца на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон: Принц (27), Парис (25) и Биги (22) се појавија на црвениот тепих во Лондон, на премиерата на мјузиклот MJ: The Musical, посветен на нивниот починат татко.
Ова е прво јавно појавување на сите деца на Џексон заедно по долго време, а и едно од ретките појавувања во јавноста на неговиот најмал син, поради што предизвика големо внимание кај медиумите.
Синовите и ќерката на Мајкл се појавија на премиерата во Лондон, само неколку дена откако Биги поднесе тужба против неговата баба, а мајка на Мајкл, Кетрин Џексон (93).
Несогласувањата во семејството наводно почнале откако децата решиле да ја продадат половината од оригиналните снимки на Мајкл и авторските права на дел од неговите песни на Sony за 600 милиони долари.
Иако неговите деца ја поддржаа продажбата, мајката на Мајкл се спротивставила и поднела тужба со која сакала да ја запре продажбата.
Но, за трошоците за судскиот процес таа не користела свои пари, туку пари од имотот на Мајкл. Таа за оваа тужба, наводно, потрошила околу половина милион долари, пари кои не се воопшто нејзини.
Сега Биги ја тужи својата баба бидејќи ја злоупотребила својата положба, бидејќи, таа добива месечен надомест од наследството на Мајкл.
А бидејќи не е директен наследник, затоа што во тестаментот не е наведена како личност што слободно може да располага и да ги троши парите на Мајкл за лични цели, таа ја оштетила Фондацијата за половина милион долари.
Кетрин, пак, тврди дека имотот на Мајкл е проценет на 1,5 милијарди долари и дека Фондацијата може да си дозволи да потроши „малку пари за нејзините потреби“.
Правната битка меѓу бабата и внукот нема да има разврска во скоро време, бидејќи, според медиумите, уште не е одреден датум за судење.
За потсетување, Мајкл почина на 50 години во 2009 од срцев удар.
Тој сите пари им ги остави на своите деца и на мајка си (во вид на месечен надомест), која доби старателство над нив, бидејќи во тоа време сите беа малолетни.
А. Ј. | Црнобело