Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести
Принцезата Маргарет
Помалата сестра на кралицата Елизабета, Маргарет, била сосема спротивна од својата цврста и стабилна сестра.
Маргарет била бунтовничка и често ги кршела правилата на кралскиот двор со своето однесување. До својата 30-та година таа била една од најпосакуваните дами на кралскиот двор.
Се заљубила во човек кој бил многу близок со нејзиниот татко, капетанот на војската Питер Таунсенд. Го запознала кога имала само 13 години, а неколку години подоцна му ја признала својата љубов.
Наводно, тие почнале афера додека тој бил во брак со својата прва сопруга. Се развел во 1952-ра, а по една година веќе бил свршен со Маргарет.
Поради тоа што бил 15 години постар од принцезата, а имал и две деца, нивната врска од самиот почеток била опишувана како скандалозна.
Во тоа време имало и правило според кое ниеден член на кралското семејство не смее да се венча со личност што веќе била во брак ако првиот сопружник на таа личност е жив.
Под притисокот на црквата и јавноста, тие ја прекинале свршувачката.
Во 1958-ма Маргарет се заљубила во фотографот Ентони Армстронг Џонс. Нивната свадба била првата кралска венчавка што се пренесувала на телевизија.
Иако на почетокот биле среќни и добиле две деца, со текот на времето почнале да се оддалечуваат еден од друг.
На Маргарет ѝ пречело што работи премногу и што има љубовници, а тој, пак, не бил среќен што принцезата цело време одела на различни забави.
Двајцата се впуштиле во бројни афери, а не можеле да се разведат поради правилата на британската црква, па со години живееле во лажен брак.
Маргарет почина во 2002-ра на 72 години од мозочен удар, последица на претераното консумирање алкохол и цигари.
Грејс Кели
На листата „проколнати принцези“ е и Грејс Кели од Монако. Популарната холивудска актерка се заљуби во принцот Рение од Монако и ја остави својата блескава кариера за да биде со него.
Парот доби три деца - ќерките Стефани и Каролин, и синот Алберт.
Нивната среќа траеше до 14 септември 1982-ра, кога таа загина во страшна сообраќајна несреќа.
Еден ден претходно, на 13 септември, Грејс тргнала кон железничката станица со тогаш 17-годишната Стефани, која требала да оди во Париз. Но, автомобилот со кој патувале излетал од патот и паднал во провалија.
Според медицинските извештаи, таа доживеала два тешки мозочни удари како резултат на падот, па семејството решило да ја исклучи од апаратите што ја одржувале во живот.
Но, и денес постојат теории според кои се верува дека повредите на принцезата не биле толку страшни и дека е убиена.
Некои дури и ја обвинуваат принцезата Стефани за смртта на мајка ѝ, па тврдат дека таа возела и дека е виновна за несреќата, но дека семејството го крие тоа од јавноста со децении.
Принцезата Стефани од Монако
Стефани, пак, по смртта на мајка ѝ го доби прекарот „дивото дете“ во семејството. Нејзините љубовни врски го доведуваа татко ѝ Рение до очај.
Ја поврзиуваа со Роб Лоу, Жан-Клод Ван Дам, Фабиен Бартез.
Во 1991-ва почна љубовна врска и со поранешниот телохранител, Даниел Дукрует, со кого доби две вонбрачни деца. Се венчаа во 1995-та, но по една година тој е виден со друга жена - Мис голотија на Белгија.
Третото дете, ќерката Камил, ја родила во 1998-ма година, но не сакала да каже кој е татко на девојчето. Кога Камил имала 19 години, открила дека татко ѝ е Жан Рејмонд Готлиб, кој бил шеф на обезбедувањето на Стефани во времето кога останала бремена.
Во 2001-ва година со своите три деца избегала од палатата, за да биде со дресер на слонови.
Оваа врска ја прекинала набрзо, а по две години тајно се омажила за 10 години помлад циркуски акробат, но тој брак завршил по само 10 месеци.
А. Ј. | Црнобело