8 холивудски скандали што сигурно сте ги заборавиле
Кражбата на Винона Рајдер
Во 2001 година, Винона Рајдер влегла во продавница за облека и украла предмети во вредност од 5.000 долари, а била фатена веднаш.
Инцидентот се гледа и на снимките од безбедносните камери.
Она што не им беше јасно на сите е зошто Винона би крадела работи кои сигурно може да си ги дозволи.
Подоцна актерката се извини, истакнувајќи дека нејзиното ментално здравје било многу лошо тој период.
Мајкл Џексон го подаде син му преку тераса
Раните 2000-ти беа мошне проблематични за Мајкл Џексон.
Во 2002 година, додека отседнуваше во хотел во Берлин пејачот излезе на тераса за да се поздрави со фановите.
Го зеде и син му Принц кој тогаш беше бебе и буквално го подаде преку оградата.
Главата на детето беше покриена со крпа.
По бројните критики, актерот се извини изјавувајќи дека направил „ужасна грешка“.
Контроверзниот настап на Џастин Тимберлејк и Џенет Џексон
Во 2004 година, на полувремето на Super Bowl настапуваа Џастин Тимберлејк и Џенет Џексон.
Во еден миг, Џастин ѝ тргна дел од корсетот на пејачката и ѝ ја разголи градата.
Иако Џенет имаше лепенка на брадавицата, тогаш ова беше скандал што ја „оцрни“ пејачката.
Денес пејачките и сами се појавуваат во многу поразголени изданија, па доста се дебатира за тоа дали Џенет била неправедно осудена од јавноста, за нешто што не е ни нејзина вина.
Судењето на Мајкл Џексон
Уште еден скандал со „кралот на попот“.
Во 2005 година Мајкл Џексон седна во судница поради обвинението дека сексуално вознемирувал и малтретирал две деца.
Судењето траеше дури 14 недели, а пејачот тврдеше дека е невин.
Тој не беше осуден, а подоцна се појавија гласини дека родителите на жртвите ги терале да лажат.
Скиентолошкото видео на Том Круз
Скиентологијата отсекогаш имала лоша репутација и многумина се чудат што прави Том Круз во таа црква.
Но, она што вистински ги загрижи фановите за неговата ментална состојба е видео во кое тој зборува за неговата религија.
Во видеото објавено во 2008-ма, актерот зборува дека скиентологијата може да излечи криминалци и зависници од дрога, дека може да донесе мир во светот и што уште не.
Во еден момент, актерот се смее по малку чудно, а тој инсерт денес е популарен формат за мемиња.
Спирова С. | Црнобело