Ѝ пропаднаа плановите Бекамови да станат Кардашијанс – Викторија разочарана што Ромео раскина со девојката
- Детали
- вторник, 27 февруари 2024
„Познато е дека Викторија сакаше да креира големо познато семејство како Кардашијанс. Но, засега изгледа дека таа желба нема да ѝ се оствари“- пишуваат британските таблоиди откако беше објавена веста дека нејзиниот син Ромео раскинал со девојката.
Во сите светски таблоиди беше објавена веста дека синот на Викторија и Дејвид, Ромео Бекам, раскина со неговата долгогодишна девојка Миа Реган, а наводно, од овие вести најпогодена е Викторија затоа што ѝ пропаднале големите планови за семејството.
Ромео Бекам (21) и неговата долгогодишна девојка Миа Реган (21) вчера преку социјалните мрежи соопштија дека се разделиле по 5 години заедно.
„Ние растевме заедно од периодот кога имавме 16 години. Љубовта добива поинакви форми и тргнува во различни правци како што созреваш.
Ние повеќе не сме заедно, но имаме многу љубов еден за друг. По 5 години заедно, станавме само добри пријатели“ – напиша Миа.
Но, според Daily Mail, на Викторија не ѝ се допаѓа оваа одлука и таа е разочарана што Миа и Ромео одлучиле да се разделат.
Познато е дека моделот беше дел од семејството уште откако почна да се гледа со Ромео, па дури и соработуваше со Викторија во 2022-ра година, кога заедно лансираа модна колекција.
„Миа отсекогаш имала уникатен пристап кон модата и стајлингот.
Ми се допаѓа тоа што е забавна и не се плаши да проба нови работи кога станува збор за нејзиниот личен стил“ – ја фалеше Викторија снаата во една пригода.
Сега, според гласините, Миа му се налутила на Ромео затоа што не ѝ упатил честитка по повод Денот на вљубените, по што парот имал бурна расправија и девојката одлучила да се отсели од нивниот заеднички дом.
„Познато е дека Викторија сакаше да креира големо познато семејство како Кардашијанс. Но, засега изгледа дека таа желба нема да ѝ се оствари.
За жал, Викторија не може да ги контролира животите на нејзините деца, иако сака“ – пишува Daily Mail, повикувајќи се на извори блиски до Бекамови.
Во меѓувреме, Викторија беше забележана како се движи со лонгета на ногата, откако за Денот на вљубените имала незгода и ја скршила додека вежбала.
Но, и со лонгета на ногата, Викторија не се откажува од високите потпетици. Така, минатата недела беше фотографирана на настан, каде се појави со патерици и една висока потпетица.
Б. С. Б. | Црнобело